Музеј на виното — музеј во градот Демир Капија посветен на лозарството и винарството. Бил отворен на 7 ноември 2010 година.
Местоположба Музејот се наоѓа во средиштето на градот на ул. Маршал Тито бб.
Историја Музејот свечено го отворил на 7 ноември 2010 година градоначалникот на општината во присуство на високи функционери на државни институции, претставници на странски амбасади и граѓани на Демир Капија.
Лого на музејот За лого на Музејот е одбран кратер – бронзен сад за разблажување (мешање) на вино и вода. На логото е прикажан кратерот од с. Требениште – Охрид, изработен од бронза со висина од 72 см. Во горниот дел пластично е украсен со медузи и змиски глави како и прикази на коњаници во галоп, со волутести дршки на вратот и стои на троножно постоље. Потекнува од крајот на 6 век од старата ера.
Одделенија Музејот се состои од три одделенија: археологија, винска галерија и галерија за изложби и презентации. Музејот рсполага со артефакти кои го отсликуваат историското минато на Демир Капија од праисторија до денес врзани со различни периоди на развојот на овој крај и многу експонати кои што зборуваат за богатата традиција на винската култура.
Наводи
Категорија:Музеи во Македонија Категорија:Музеи на виното Категорија:Појавено во 2010 година во Македонија