Кејтлин Ц. Розентал била американска историчарка. Таа е вонреден професор на Калифорнискиот универзитетот-Беркли. Нејзината прва книга Сметководство за ропството (2018), ја освоила наградата „Френсис Б. Симкинс“ од Јужната историска асоцијација во 2019 година, и првата награда за монографија од Друштвото за економска историја во 2020 година.
Живот Кејтлин Розентал студирала на Универзитетот Харвард пред да работи за „МекКинзи и Компани“ три години. Се вратила на Харвард за да докторира по историја. Таму била финалистка за наградата „Невинс“ за економска историја и добитничка на наградата „Кроос“ за најдобра дисертација во деловната историја.
Розентал била постдокторски стипендист на „Њукомен“ на Харвардската бизнис школа пред да стане асистент професор по историја на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.
Сметководство за ропството било широко и позитивно оценето. Џефри Склански ја нарекола „зачудувачка студија“.
Дела
Сметководство за ропство: Господари и менаџмент. Кембриџ, Масачусетс: Харвард Универзити Прес, 2018.
Наводи
Надворешни врски
A Conversation with Professor Caitlin Rosenthal, Berkeley Economic Review, September 6, 2023.
Категорија:Професори на Калифорнискиот универзитет, Беркли Категорија:Американски историчари Категорија:Историја на човековите права