Ролс-Ројс Силвер Клауд (англ. Rolls-Royce Silver Cloud) бил главниот автомобил на Ролс-Ројс кој се произведувал од април 1955 до март 1966. Го заменил претходниот модел Сребрена Зора, а пак самиот, бил заменет со Сребрена Сенка.
Овој дизајн била голема промена од предвоените модели и високодериватниот модел Сребрена Зора. Главен дизајнер бил Џ. П. Блечли.
Шасијата по поден план била едноставна челична кутија, заварена и многу цврста и крута. По конструкција шасијата и алуминиумската каросерија се сѐ уште посебни (едноделната шасија за првпат се појавила кај моделот Сребрена Сенка). Автомобилот бил долг 5.38 m, широк 1.90 m, и тежок 1.95 тони. Моторот бил шестцилиндричен со капацитет од 4.9 L, а преносот бил четворобрзински автоматски. Кочниците биле серво со хидраулични барабани, а амортизацијата била на независни спирални пружини напред и полуелептични пружини назад.
Во 1959 излегол моделот Силвер Клауд II. Надворешноста не се сменила особено, но затоа моторот бил со зафатнина од 6.2 L V8, што ја зголемило тежината на возилото на 2.11 тони. Возилото било со мошне подобрени перформанси, со максимална брзина од 183 км/ч, но главните подобрувања биле во забрзувањето и влечата. Во 1963 се појавил и Силвер Клауд III. Надворешноста му била малку намалена, внатрешноста преуредена, а тежината намалена за околу 100, додека моторот му бил малку засилен. Фаровите сега биле четири, во поинаков распоред, мошне сличен на подоцнежниот модел Сребрена Сенка, модел кој фирмата го разработувала уште од доцните 1950-ти. Така, официјалните документи на Ролс-Ројс велат дека новиот распоред на фаровите бил поставен за да се подготви јавноста за радикално-новиот модел Сенка.
Производство Сребрена Сенка: 2,238 Сребрена Сенка продолжени: 85 Сребрена Сенка со посебни каросериски стилови (кабриолет, катафалк и др. ): 121 Сребрена Сенка II: 2,417 Сребрена Сенка II продолжени: 258 Сребрена Сенка II со каросериски стилови (кабриолет, катафалк и др.): 107 Сребрена Сенка III: 2,044 Сребрена Сенка III продолжени: 206 Сребрена Сенка III со каросериски стилови (кабриолет, катафалк и др.): 328
Медија Видео (09:51) Краток документарец за Силвер Клауд I 1958
Надворешни врски Податоци за производството
Силвер Клауд