Ленка Теменугова Калчева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Симпатизер на НОД од 1941 година, меѓутоа од пролетта 1942 година, почнува активно да соработува во заднината на НОД. Нејзиниот дом во Богданци служел за одржување состаноци, престој на илегалците. Учествувала во нодготовките за излегување на првите партизани од Богданци. Пренесувала пошта н одржувала врска меѓу Богданци и село Ѓавато. Бугарскиот окупатор во март 1944 година ја уапсил и интернирал во Момчиловград, Бугарија. По петмесечна интернација се вратила во Богданци и веднаш се поврзала со партиското раководство. На 8 август 1944 година стапила во Втората македонска ударна бригада. Подоцна била префрлена во IX, XI и XVIII бригада. Во единиците на НОВ била заменик комесар на чета, а подоцна заменнк комесар на баталјон.

Поврзано Тодора Калчева Дељо Калчев Димитар Теменугов

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ