Јусуф Хамза (; р. 1945 во Врапчиште) — македонски историчар од турско потекло. Професор по турски јазик и литература.

Животопис Јусуф Хамза е роден во 1945 година во село Врапчиште, Социјалистичка Република Македонија. Произлегува од турско семејство. Основно образование стекнал во неговото родно село. Продолжил со средно и високо образование во Скопје. Завршил по историја во Филозофскиот факултет, под склоп на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Работел како професор и подоцна директор во училиштето „Тефејуз“ - Чаир. Предавал по турски јазик во училиштето „Цветан Димов“ - Чаир. Од 1985 година работел по турски јазик, детска литература и методика во Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје.

Во 1988 година го објавил делото Турско-македонските односи во периодот 1850-1912. Како член на Македонската историографија, Хамза претежно го проучувал историскиот однос меѓу Отоманското Царство и македонското национално движење. Неговото најпознато дело, објавено во 1995 година, е книгата Младотурската револуција во Османлиската империја. Хамза објавил над 70 научни и стручни трудови. Од октомври 1990 година како доцент ги предавал предметите: историја на турскиот јазик, турска дијалектологија и турска литература во Филолошкиот факултет во Приштина. Објавил статии во македонските списанија „Историја“, „Млада месечина“ и „Дело 74“ и турските списанија „Birlik“, „Çığ“, „Çevren“, „Sevniç“ и други.

Од 1992 година работи во архивите на Република Турција во Истанбул, каде живее денес. Околу 2000-тите пензионирал.

Наводи

Категорија:Луѓе од Врапчиште Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Македонски Турци Категорија:Македонски историчари Категорија:Турколози Категорија:Македонски автори