Anogramma leptophylla — вид папрат од семејството Pteridaceae. Се среќава низ целиот свет во умерените и суптропските региони. Реткост кај Pteridophyta, тоа е папрат чиј спорофит има тенденција да има годишен животен циклус. Гаметофитите од овој вид имаат способност да станат неактивни и да чекаат и до две и пол години додека условите не бидат соодветни за спорофитната фаза од животниот циклус.
Опис Anogramma leptophylla е мала едногодишна папрат, која ретко надминува 8 см во височина. Има нежни, двоперни листови, од кои само внатрешните се плодни и носат линеарни спори на долните страни од речиси кружните ливчиња, и го зафаќаат поголемиот дел од нивната површина. Рабовите на листовите не се извиткани.
Распространетост и живеалиште Anogramma leptophylla има океанска умерена распространетост. Се среќава околу Медитеранот, во Африка, јужна и источна Азија; Океанија, и во Мексико и Централна и Јужна Америка. Единственото место на Британските острови каде што се јавува е островот Џерси на Каналските Острови.
Во Македонија расте по влажни и засенчени места под големите гранитни карпи. Многу ретко растение е, познато само за околината на Прилеп, и Беласица.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 52, МАНУ, Скопје, 1985
Расте на ѕидови и брегови, особено кога има гранитна карпа под нив. Претпочита да расте на гола почва на влажни, но добро дренирани места бидејќи не е многу конкурентна.
Наводи
Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Австралија Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Македонија