Шкриљ (во постарите извори и Долење Здихово ) — село во општина Кочевје во јужна Словенија. Областа е дел од традиционалниот регион Долењска и сега е вклучена во Статистичкиот регион Југоисточна Словенија. Повеќе нема постојани жители.

Историја Шкриљ било село каде живееле Готшери. Селото било опустошено во отоманскиот напад во 1491 година. Во 1942 година, селото било место на цивилен бегалски камп за луѓе кои избегале во шумите од италијанските окупаторски сили. За време на Втората светска војна, три куќи во селото биле уништени во воздушни бомбардирања, но преостанатите 13 преживеале. Селото постепено било напуштено по војната а во 1953 година само четири куќи сè уште биле населени.

Црква Црквата во селото била капела посветена на Светиот Крст и датира од почетокот на 17 век. Црквата се наоѓала на врвот на рид на западниот крај од селото. Веројатно била изградена во првата половина на 17 век. Според Јохан Вајхард фон Валвазор, главниот олтар бил посветен на Светиот Крст, а страничните олтари на Дева Марија и Света Маргарита. По 1840 година станала викаријат на Здихово. Камбанаријата веројатно била додадена во тоа време и било поставено ѕвоно излеано во 1844 година. Црквата сè уште стоела во 1950 година, но како и многу други цркви во регионот, била уништена помеѓу 1953 и 1954 година. Црквата била опкружена и со гробишта. Денес се зачувани само прагот на црквата и остатоци од неколку надгробни споменици.Ferenc, Mitja. "Škrilj: Podružnična cerkev sv. Križa / Skrill: Filialkirche Hl. Kreuz"

Наводи

Надворешни врски

Škrilj on Geopedia Pre–World War II list of oeconyms and family names in Škrilj

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со краток опис Категорија:Населени места во Општина Кочевје Категорија:Општина Кочевје