Васа Симон Капчева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител е на Партизанска споменица 1941.
Животопис мини|Васа Капчева е носител на Партизанска споменица 1941. Таа била шивачка. За време на војната живеела во Прилеп, но наскоро се прселила во Велес. Од мај 1941 учествувала во заднината на НОД. Како член на Комисијата за работа со жените при Месниот Комитет на КПЈ - Велес, таа ангажирано работела на формирањето на женски воспитни групи. Со групите собирала народна помош, а во својот дом чувала илегален материјал и илегалци. Во јуни 1941 година била избрана за член на КПЈ. Таа била една од организаторките на антифашистичката демонстрација на жените од Велес (11.V.1942). Со убиството на нејзиниот сопруг, првоборецот Трајко Капчев, таа се вратила во Прилеп, каде веднаш се поврзала со Партијата и наскоро била избрана за Член на Месниот Комитет на КПМ - Прилеп. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе други одликувања.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941