мини|десно|Член на бандата „Латиноамерикански кралеви“ со тетоважа на лав со круна, кој со рацете го покажува симболот на петокраката ѕвездаБанда — општествена група или тајно друштво на соработници, пријатели или членови на криминално семејство, со определено раководство и внатрешна организација, која се утврдува или полага право на одредена територија во рамките на една заедница. Бандите дејствуваат поединечно или колективно, вклучувајќи се во незаконито и, најчесто, насилно однесување, што често претставува вид организирано злосторништво.
Структура Постојат многу видови банди што ја сочинуваат општата структура на една организирана група. Разбирањето на структурата на бандите е клучна вештина за определување на најефикасните стратегии за справување со нив, почнувајќи од младите што се во ризик, па сѐ до водачите на бандите. Не сите поединци што покажуваат надворешни знаци на припадност кон банда се всушност вклучени во злосторнички дејности. Возраста, сексуалниот идентитет, физичката градба, способноста за борба, подготвеноста за насилство и досието во полиција се често главни чинители во одредувањето на статусот на поединецот во хиерархијата на бандата; исто така, значајно влијание има и начинот на кој поединецот придонесува со пари добиени од злосторнички дејности или неговата способност да обезбеди ресурси за бандата.
Структурата на бандите разнообразува во зависност од големината, која може да се движи од неколкумина до илјадници членови. Голем дел од поголемите банди се делат на помали групи, клики или подгрупи (во жаргонот на бандите овие помали групи често се нарекуваат „сетови“). Кликите обично обезбедуваат поголема територија за бандата при нивното ширење и ангажирање нови членови. Повеќето банди функционираат неформално, каде раководството го презема оној што ќе успее да ја наметне својата контрола; други пак имаат јасно определено раководство и се високо структурирани, што наликува на деловна корпорација.
Злосторничките банди можат да функционираат како во рамките на затворите, така и надвор од нив, како на пример Нуестра фамилија, Мексиканската мафија, Folk Nation, и бразилската банда Прва престолна екипа. Во текот на 1970-тите, затворските банди во Кејптаун, Јужна Африка, започнале да ангажираат членови на улични банди од надвор, со што се зголеми поврзаноста помеѓу затворските и уличните банди. Во САД, затворската банда Ариевско братство е вклучена во организирано злосторништво и надвор од затворските ѕидови.
Утврдување мини|десно|Тетоважа на бандата Сурењос Повеќето членови на бандите имаат препознатливи одлики што се единствени за нивната конкретка клика или банда. На пример, припадниците на Бладс носат црвени марами, а Крипс сини, што им овозможува да ја „претстават“ својата припадност. Секое непочитување на боите на еден член на бандата од страна на неовластено лице се смета за основа за насилни одмазди, често извршени од страна на повеќе членови на навредената банда. Тетоважите се исто така чести обележја, како на пример бројот „18“ над веѓата, со што се утврдува член на Бандата на 18-тата улица. Тетоважите му помагаат на членот да стекне почит во групата и го означуваат како доживотен член. Тие можат да го претставуваат и рангот во бандата, каде одредени тетоважи значат дека членот е поуспешен, често поврзано со извршување на опасни дела што ја докажале верноста. Тетоважите можат да бидат направени со мастило или со жигосување (горење). Некои банди користат повеќе од едно обележје, како на пример Нортењос, кои носат црвени марами и имаат тетоважи со бројките „14“, „XIV“, „x4“ и зборот „Norte“. Некои членови на злосторнички банди се „примани во бандата“ преку ритуал на иницијација, каде мораат да докажат верност преку извршување на кражби или насилство.
мини|Член на Крипс што покажува рачен знак на бандата|лево Бандите често воспоставуваат препознатливи обележја, вклучувајќи етикети за графити,Ferrell, J., "Crimes of style: Urban graffiti and the politics of criminality", New York: Garland (1993). бои, знаци со раце, конкретна облека (како што се качулките во стил на ганста-рап), накит, фризури, слогани, знаци (како јамката или запалениот крст како симболи на Ку-клукс-кланот), знамиња, тајни поздрави, погрдни имиња, кодирани зборови и други групни симболи поврзани со верувањата, ритуалите и митологиите на бандата со цел да се определат и разликуваат од другите групи.
Како алтернативен јазик, знаците со раце, симболите и погрдните изрази во говорот, графитите, музиката или други медиуми пренесуваат особени сигнали што се користат за закани, понижување, малтретирање, заплашување или изнудување одредени реакции како послушност, страв или терор. Симболиката е значајна бидејќи поттикнува дејствување и определува цели за нападите. Прикажувањето на симболи, како јамка, може да се протолкува како кривично дело „терористичка закана“, што вклучува намера за тероризирање, загрозување на безбедноста или предизвикување јавна вознемиреност.
Интернетот е еден од најзначајните медиуми што ги користат бандите за општење, бидејќи овозможува досег до огромна публика со минимален напор и намален ризик. Социјалните мрежи служат како форум за ангажирање, провоцирање на сопернички банди преку навредливи објави и за славење на бандата и самите членови.Combating Gangsters Online, ФБИ, април 2011.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Злосторство Категорија:Криминологија Категорија:Типови на организации Категорија:Групни процеси Категорија:Организирано злосторство Категорија:Андерграунд