Сулејман I (, Sultān Suleimān-i evvel или , Kānūnī Sultān Suleimān, турски: I. Süleyman) — десеттиот султан на Отоманското Царство со кое управувал во периодот од 1520 до 1566 г. и со тоа најдолго се задржал на престолот од сите султани. Во европската традиција е познат како Сулејман ВеличествениотMerriman. а во источната како Законодавецот (турски: Kanuni; арапски: القانونى‎, al‐Qānūnī) главно поради воведување на реформи во законодавниот систем на земјата. Освен законодавни, тој спровел и административни, воени, судски, даночни и образовни реформи. Во текот на неговото владеење империјата се протегала од Будимпешта на Дунав до Асуан и реката Нил, заедно со реките Еуфрат и Тигар до Грузија и Гибралтар.

Сулејман бил истакнат поет а исто така и голем заштитник на културата, литературата и архитектонскиот развојAtıl, 24.. Тој зборувал пет јазици: отомански, арапски, чагатаи, персиски и српски јазик.

Во последните дваесет години бил под влијание на неговата омилена Рокселана, која успеала да стане законска жена на султанот, нешто што не можела да постигне ниту една од наложниците во изминатите два века. Започнувајќи кампања во Унгарија, Сулејман не доживеал да победи. Неговата смрт била скриена и раководењето со империјата продолжило без султанот, но во негово име, додека да дојде на престолот неговиот син од Рокселана - Селим II, со кој започнала ерата на падот на империјата.

Рани години лево|мини|251x251пкс|Сулејман во млади години Сулејман е роден во Трабзон на 6 ноември 1494 годинаClot, 25.. Негова мајка била Ајше Хафса султан која починала во 1534 година. Кога имал седум години Сулејман бил испратен да проучува наука, историја, литература, теологија и воени тактики во училиштата на Топкапи-сарај. Како млад човек, тој се спријателил со Ибрахим Паргали кој подоцна му станал еден од најдоверливите соработници. На 17 години бил назначен за управител на Кафа и Маниса (тогаш Сарухан) а кратко време бил управител и на ЕдренеClot, 28.. По смртта на неговиот татко Селим I (1465-1520) Сулејман влегол во Цариград каде бил прогласен за десеттиот султан на Османлиското Царство. Некои историчари тврдат дека во младоста Сулејман се восхитувал за Александар ВеликиLamb, 14.Barber, 23.. Тој бил под влијание на визијата на Александар на градење на светска империја, кои ќе ги опфати истокот и западот.

Воени и политички настани

1520 — 1529 лево|мини|Сулејман за време на опсадата на Родос во 1522 година. По наследувањето на неговиот татко, Сулејман започнал серија воени освојувања. Сулејман го започнал своето владеење со давање на пари на јаничарите и ослободил околу 600 египетски затвореници и некои трговци кои неговиот татко неправедно ги казнил. Високи офицери обвинети за суровост биле осудени и погубени. На почетокот од неговото владеење во 1521 година било задушено востанието на османлискиот управител на Дамаск. По ова Сулејман ги освоил двете места кои Мехмед Освојувачот не успеал да ги освои, Белград во 1521 и Родос следната година. Падот на Белград во 1521 година претставувал третиот обид за освојување на унгарската тврдина од ОсманлиитеImber, 49.. Сулејман своите сили ги мобилизирал во мај 1521 година. За разлика од претходните два напади, во овој напад Османлиите одлучиле да нападнат преку реката Сава. За да се оствари овој напад, Османлиите најпрво морале да го заземат Срем. Бранителите упорно пружиле отпор но нивните ресурси биле доста исцрпени па градот морал да биде предаден на 29 август. Падот на Белград ја покажала неспособноста на Кралство Унгарија да се спротивстави на растечката османлиска моќ. Следната 1522 година Османлиите го зазеле Родос од Рицарите на Свети ЈованKinross, 176.. По 145 дена преживеаните витези капитулирале и им било дозволено да го напуштат Родос, тие потоа скитале пет години сè додека не си нашле дом на Малта. Османлиите со зазимањето на островот ја обезбедиле целосната контрола над источното Средоземје.

Во 1522 година починал пашата Кајр Бег како управител на Египет. На негово место бил ставен Хаин Ахмед-паша во 1523 година. Ахмед-паша бил разочаран од оваа одлука на султанот бидејќи сметал дека треба да биде избран за главен везир чие место му било отстапено на неговиот соперник Паргали Ибрахим-паша. Така тој се самопрогласил за султан на Египет како независен од Османлиското Царство. Тој започнал да кова монети со својот лик со цел да ја легитимира својата власт. Сулејман веднаш испратил свои агенти кои извршиле неуспешен атентат во неговата бања, по кој настан тој се обидел да побегне од Каиро но набргу бил фатен и погубен. По неговата смрт, големиот везир Ибрахим-паша Паргали спровел обемни административни реформи од 1525, со кои отоманската власт во Египет се зацврстила и траела речиси три века. По три години без војна јаничарите на се побуниле и го пљачкосале еврејскиот кварт во Истанбул и куќите на офицерите. На Сулејман му се заканувала опасност, но бунтот бил потиснат, водачите биле погубени, а други ги загубиле своите позиции. Повеќето од јаничарите се смириле со подароци во пари и нов воен поход.

Во април 1526 година султанот заедно со Ибрахим-паша заминале кон Унгарија. Унгарците доживеале катастрофален пораз во Мохачката биткаKinross, 187.. Унгарските аристократи исто како и во опсадата на Белград биле повторно неподготвени. Унгарската војска била поделена на три групи: во Трансилванија на чело со Јанош Заполски, главната група која ја предводил самиот крал и една мала група под раководство на Кристоф Франкопан. Вкупниот број на војници на христијанските сојузници бил околу 35.000 луѓе наспроти 50.000 Османлии. Во почетокот на битката христијаните постигнале успех, но во следниот период таа била обиколена а унгарскиот крал сакал да побегне од бојното поле но се удавил во реката. Поголемиот дел од унгарските аристократи или загинале или биле погубени од султанот. Се смета дека повеќе од 14.000 Унгарци биле убиени во битката. По крајот на битката бил означен крајот на независноста на Кралство Унгарија. Така Бохемија, северна и западна Унгарија станале дел од Светото Римско Царство на чело со Фердинанд I, а Османлиите завладеале со централна и јужна Унгарија како и дел од Трансилванија, поставувајќи го на чело на вазалската земја Јован Запола.

Во меѓувреме Туркмените во Анадолија се побуниле. Во време кога во империјата доживеала финансиски тешкотии поради воените дејствија, па биле зголемени државните давачки. Додека Сулејман бил на воен поход во Унгарија, Календар Челеби успеал да собере армија од 30.000 луѓе. Сулејман го испратил својот везир Ибрахим-паша по кое востанието било крваво задушено.

По Мохачката битка, Османлиите биле принудени да се повлечат од Панонската низнина, главно поради ангажирањето на армијата во другите делови од имеријата. Најмногу од повлекувањето на Османлиите искористил Фердинанд I, поради неговите претензии да стане крал на Унгарија. Во 1527 година тој го поразил османлискиот вазал и ги зазел Будим, Комаром и Секешфехервар (1528). Во тој период османлискиот султан и покрај молбата на неговиот вазал, тој не покренал нов воен поход.

Кога Сулејман му објавил војна на Фердинанд во јануари 1529 година, тој, исто така, сакал да го освои и западниот дел на Средоземјето, и затоа повторно дал поддршка на Хајредин Барбароса да отпатува кон Алжир. Барбароса добил поддршка од 2.000 јаничари, како и голема финансиска помош и ја зазел шпанската тврдина.

мини|десно|Султан Сулејман и Хурем Султан. Портрет од Антон Хикел

Фердинанд бил во сојуз со царот Карло V. Забавена со дождови и поплави, османлиската војска на Сулејман морала да се откаже од опсадата на Виена во октомври 1529 година. Околу 40.000 Турци и 20.000 христијани биле убиени во бескорисната војна. Сулејман повел поход против царските сили во 1532, но се соочил со тврдоглав отпор од страна на градот Гунс. Акинџи коњицата и татарските сојузници ја ограбиле Штаерска во Австрија додека Сулејман се повлекувал назад кон Белград. Фердинанд испратил пратеник и било склучено примирје во 1533.

1530 — 1539

По крајот на опсадата на Виена, Сулејман повел поход против царските сили во 1532, но се соочил со тврдоглав отпор од страна на градот Гунс. Акинџи коњицата и татарските сојузници ја ограбиле Штаерска во Австрија додека Сулејман се повлекувал назад кон Белград. Фердинанд испратил пратеник и било склучено примирје во 1533 година.

Во меѓувреме во 1532 година започнала Османлиско-персиската војнаImber, 51.. Војната била предизвикана од територијалните спорови помеѓу двете империи, особено кога бегот од Битлиш одлучил да се стави себеси под персиска заштита. Исто така, Тахмасп го убил управителот на Багдад кој бил на страната на Сулејман. Персија во текот на војната сакала да направи сојуз со Хабсбуршката династија со кое Османлиското Царство ќе биде нападната на два фронта. Во конфликтот, најпрвин Ибрахим-паша, а подоцна и самиот султан Сулејман започнале успешно да го зазимаат денешен Ирак, каде во 1534 година го зазеле Багдад. Конфликтот завршил со потпишување на договорот во Амасија во 1555 година меѓу двата владетели. Договорот ја дефинирал границата меѓу двете земји и истиот бил проследен со дваесетгодишен мир. Со овој договор, Ерменија и Грузија биле поделени меѓу двете земји подеднакво, Османлиите го добиле поголемиот дел од Ирак заедно со Багдад кој им овозможил излез на Персискиот Залив, а Персија го задржала својот поранешен главен град ТебризSicker, 206.. Османлиите според договорот им дале дозвола на персиските верници да одат слободно во светите места Мека и Медина.

Во Персија отоманскиот благајник Челеби имал лоши односи со везирот Паргали Ибрахим-паша бидејќи бил обвинет од него за проневера. Пред да биде погубен, Челеби му напишал писмо на Сулејман обвинувајќи го Ибрахим за предавство бидејќи себеси се нарекувал султан. Ибрахим, некогаш христијанин и сѐ уште роб на Сулејман, бил осомничен за непочитување на Куранот, за заговор со Франција, и бил омразен поради неговото огромно богатство. Во 1536 Сулејман го поканил Ибрахим на вечера, и везирот бил пронајден убиен следното утро.

Отоманската морнарица имала галии кои ги веслале воени заробеници. На успешниот пират Кајр ал-Дин му била дадена команда и Тунис бил освоен во 1534 годинаCrowley, p.56. Овој град бил нападнат и од страна на царот Карло V и неговата армада предводена од адмирал Андреа Дорија. Кајр ал-Дин, познат како Барбароса поради неговата црвена брада избегал, а потоа облекувајќи ги неговите луѓе како Шпанци и под тоа знаме ги ограбувал Балеарските Острови, земајќи 5.700 затвореници од Порт Махон во Менорка. Во 1536 Османлиите изградиле двесте бродови со цел да ја нападнат Италија и Отранто бил заземан следната година. Десет илјади Италијанци биле продадени на пазарите за робови во Истанбул. Во 1537 Венецијанците и се придружиле на "светата лига" на кралски сили против Турците но отоманската морнарица ги поразила доволно на Крф и во заливот Арта за да им овозможи на Турците да доминираат на Средоземјето во наредната третина на векот. Тие се согласиле на примирје во 1540 година, но Венеција морала да се откаже од Мореја(Пелопонез) и нејзините егејски острови.

Во 1538 година била организирана првата поморска експедиција кон Индиски Океан. По експедициите на Васко де Гама, моќната португалска морнарица ја презела контролата на Индискиот Океан. Бахадур Шах апелирал до Цариград за заедничка акција против португалската морнарица. Сулејман I ја искористил оваа можност за да ја провери португалската доминација во Индискиот Океан и го именувал Хадим Сулејман-паша како адмирал на неговата флотаhttp://jis.oxfordjournals.org/content/7/1/32.extract