Апостол Лаговски или Апостол Л’готски () — македонски зограф и иконописец од XVIII век.
Животопис мини|„Пресв. Богородица на престол“, 1772 г., темпера на дрво, размери 61,5/44,5 см Роден е во втората половина на XVII век во македонско семејство во селото Лагот, Воденско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Живеел во Солун. Се потпишувал како Апостолис Лонгијанос Водениотис (Αποστόλης Λογγιάνος Βοδενιώτης), односно Апостол Лаговски Воденски. Автор е на иконите „Пресв. Богородица на Света Гора со сцени од нејзиниот живот“ (1772) и „Пресв. Богородица на престол“ (1775), кои денес се чуваат во Градската галерија во Пловдив, Бугарија. Негови дела денес се наоѓаат уште во Кожани и Солун. Творел во периодот од околу 1750 до 1778 г. Видливо е западното влијание врз светогледот на иконописецот, на што посочуваат бравурозните барокни рамки во композицијата и сцената со крунисувањето на Богородица на иконата „Пресв. Богородица на престол“.
Починал во почетокот на XIX век.
Наводи
Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци