Trifolium pallescensHeywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al.Roskov Yu.R., 2005 Editorial scrutiny: Northern Eurasia data Import (unpubl.)von Schreber,J.C.D., 1804 Deutschl.Fl. (Abt.1, Band 4, Heft 15)Roskov,Yu.R., 1990 Bot.Zhurn.(Leningrad) 75(9):1311. Amoria pallescens... — вид на бобови опишан од Јохан Кристијан Даниел фон Шребер. Trifolium pallescens е во родот детелина и семејството бобови. Во Каталогот на животот не се наведени подвидови.

Опис Trifolium pallescens е повеќегодишно тревесто растение високо 5–15 см, без влакна, со бројни збиени гранчиња, силно развиен вертикален корен и без столони. Гранчињата се многубројни, исправени, приподигнати или полегнати, најчесто неразгранети и во основата одрвенуваат. Листовите имаат дршки кои се три до четири пати подолги од листната плочка. Листовите се обратнојајцевидни, долги 6–10 мм, со тап врв и ситно назабен раб. Средната жила завршува со шилесто врвче кое е благо закривено и кукесто свиткано кон врвот на листот. Страничните жилки се паралелни, неразгранети или дихотомно разгранети, а основата на листот е клиновидна и постепено преминува во дршка.

Прилисниците се јајцевидно-копјести, бели, ципести и постепено се стеснуваат во долг шилест врв. Соцветијата се топчести, со пречник од 12–25 мм, составени од голем број цветови и се развиваат во пазувите на листовите, при што делуваат како терминални. Дршките на соцветијата се многу подолги од пазувниот лист, а дршките на цветовите се подолги од трубестиот дел на чашката и од прицветниците, со ретки влакна. Прицветниците се јајцевидни до копјести, ципести до кожести, а најгорните завршуваат со долг шилест врв. По прецветувањето, цветовите се спуштаат надолу.

Чашката е долга 3–4 мм, гола или со ретки влакна. Нејзиниот трубест дел има десет жили, а запците се тесно триаголни, при што помалите се покуси од трубестиот дел. Венчето е долго 6–10 мм, обично два до три пати подолго од чашката и има жолтеникавобела или розова боја, која по прецветувањето станува кафеава. Барјачето е широко елиптично до обратнојајцевидно, крилцата обично се долги околу 2 мм, а лаѓичката завршува со заострен врв. Плодот е мешунка која најчесто содржи две семиња, а поретко едно.

Екологија во Македонија Растението се среќава на високопланинските пасишта, обично на надморска височина од над 2000 метри.

Варијабилност

Trifolium pallescens var. pallescens (врвот на прилисниците е со 3 жили) — не е познато во Македонија, но посочено е во егејскиот предел на планините Беласица, Кожуф и Ниџе. Trifolium pallescens var. glareosum (врвот на прилисниците е со 1 жила) — се среќава на Шар Планина, Кораб, Дудица. Во 1943 година Черњавски го посочил и за планината Јабланица на врвовите Црн Камен и Шеќерна Глава.

Галерија

Наводи Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al. Roskov Yu.R., 2005 Editorial scrutiny: Northern Eurasia data Import (unpubl.) von Schreber,J.C.D., 1804 Deutschl.Fl. (Abt.1, Band 4, Heft 15) Roskov,Yu.R., 1990 Bot.Zhurn.(Leningrad) 75(9):1311. Amoria pallescens...

Надворешни врски

Категорија:Детелина Категорија:Флора на Македонија