Euphorbia apios е растение од семејството Млечки.

Тоа е повеќегодишно тревесто растение, влакнесто или скоро голо. Стеблото е поединечно до 30 цм високо, или од оснвата се издигаат повеќе стебла кои во основа се лачно искривени, по површината со густи, долги и меки расперени влакна. Стеблото во основата со топчесто задебелена грутка 2-3 цм дебела, а во пазувите на листовите нема или се развиваат најмногу до 4 зраци. Стеблените листови долгнавести, елиптично-долгнавести до линејно-копјесто, 10-20 мм долги, 2-5 мм широки, голи или со ретки влакна, на врвот тапи или заострени, по работ напилени, во основата заокруглени, или слабо срцевидни. Листовите во основата на штитот исти како стеблените листови.

Штитот со 3-5 зраци, а секој зрак дидихотомно се разгранува. Обвивката на циатумот е ѕвонеста, гола, на внатрешната страна со многуретки влакненца, со 4 широко елиптични жлезди.

Кутијката е околу 3,5 мм долга, 4 мм широка со 3 јасно изразени бразди, по површината со куси цилиндришни израстоци, кои се 2 пати подолги отколку широки, шесто поцрвенети.

Столпчињата 1,5 мм долги, во основата многу малку сраснати помеѓу себе и на врвот малку насечени на 2 дела.

Семките се јајцевидни до 2 мм долги, темнокафеави, по површината папилозни, матови.

Распространетост во Македонија Ова растение може да се најде во ретки дабови шуми и по брдските пасишта до 700 м надморска височина.

Позната за Гевгелија, с. Органџали и кај Нов Дојран, Асанли, како и Воловец.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија