Супердевојка () — американски долгометражен суперхеројски филм, заснован на истоимениот лик од стриповите на DC Comics. Ова е вториот филм во медиумската франшиза „Вселената на DC“. Филмот е во производство на DC Studios, а распределен е од Warner Bros. Pictures. Режисер на филмот е Крег Гилеспи, сценариото го напишало Ана Ногеира, а главната улога на Кара Зор-Ел / Супердевојка ја толкува Мили Олкок. Во филмот се појавуваат и Матијас Схунартс, Ив Ридли, Дејвид Крамхолц и Емили Бичем.

Развојот на филмот започнал во август 2018 г., а плановите се смениле откако Џејмс Ган и Питер Сафран станале челници на DC Studios во 2022 г. Во јануари 2023 г., Ган го најавил филмот „Супердевојка: Жена на утрешнината“, заснован на истоимената минисерија стрипови од Том Кинг и Билкис Евели. Снимањето се одвивало од јануари до мај 2025 г. во Лондон и Шкотска, а до јуни истата година, поднасловот бил отстранет од името. Филмот премиерно излегол во САД на 26 јуни 2026 г., како дел од првото поглавје на „Вселената на DC“ насловено „Богови и чудовишта“. Премиерата во Македонија била на 25 јуни 2026 г.

Содржина На својот дваесет и први роденден, Кара Зор-Ел патува низ галаксијата во друштво на Суперкучето Крипто. По пат, таа се запознава со млада вонземјанка по име Рути, по што ја очекуваат „крвава потрага по одмазда“.

Улоги

| Мили Олкок || Кара Зор-Ел / Супердевојка |- | Матијас Схунартс || Крем од Жолтите Ридови |- | Ив Ридли || Рути Мари Нол |- | Дејвид Крамхолц || Зор-Ел |- | Емили Бичем || Алура |- | Џејсон Момоа || Лобо |- | Дејвид Коренсвет || Кларк Кент / Супермен

Наводи

Надворешни врски Матична страница

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2026 година Категорија:Американски суперхеројски филмови Категорија:Филмови снимени во Лондон Категорија:Филмови снимени во Шкотска Категорија:Филмови на Warner Bros. Категорија:Американски научнофантастични акциони филмови Категорија:Американски акциони филмови