Daphne oleoides е грмушка од семејството Thymelaeaceae. Потекнува од јужна Европа (Албанија, Бугарија, Корзика, Крит, континентална Грција, Италија, северозападен Балкан, Сардинија, Сицилија и Шпанија), северна Африка (Алжир) и Западна Азија (Турција и Либан-Сирија).

Опис Зимзелено, грмушесто растение 50-60 цм високо, со многубројни и силно разгранети гранчиња; кората на младите гранчиња црвеникаво кафеава, и со густи, скоро прилегнати сребренести влакна, додека кората на постарите делови на гранчињата гола и сива.

Листовите обратно-јајцевидно обкопјести или елиптични 10-25 мм долги, 4-6 мм широки, преиседнати, кожести на врвот заокруглени и тапи или заострени кон основата постепено се стеснуваат во куса дршка. Младите листови на долната страна со густи или поретко прилегнати сребренести влакна, додека горната страна најчесто е гола.

Цветовите ароматични, приседнати, по 3-6 во групи по врвовите на гранчињата и обично без прицветници. Перијантот бел или кремов, розов или црвен, 10-12 мм долг, со густи, прилегнати, сребренести влакна, цилиндричен, до половина насечен на 4 дела, а деловите јајцевидно-копјести и на врвот заострени. Плодникот влакнест. Плодот јајцевидна, 4-6 мм долга, костелка со оранжово-црвена површина.

Распространетост во Македонија По камењари и каарпести места и тоа главно врз варовник, од 1,000 до 2,000 м надморска височина, а некаде и пониско.

Видот е познат за Шар Планина, Рудока, Бистра, Стогово, Кораб, Дешат, Јабланица, Галичица, Дудица, Кожа, Козјак (Мариово), Козјак (Козјачија), долен тек на р. Треска, а се посочува и за Ниџе, Јакупица, Водно, Илинска и Плакенска Планина и Демир Капија.

Подвидови Од октомври 2025, Plants of the World Online ги прифаќа следните видови:

Daphne oleoides подвид oleoides Daphne oleoides subsp. sardoa Камарда и Раимондо

Наводи

Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Алжир Категорија:Флора на Македонија