Ѓеорги Фотиев Масин (Охрид, 6 мај 1930) — македонски интернист-нефролог, пензиониран професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Животопис Роден е на 6 мај 1930 г. во градот Охрид, тогаш дел од Кралството Југославија. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1954 г. Специјализирал интерна медицина, супспецијалност нефрологија. Хабилитирал на тема „Калулозен пиелонефрит“ во 1975 г. При престој во Њукасл на Тајн, Англија кај проф. Дејвид Кер се запознал со најновите достигнувања од областа на лекувањето на ХБИ и пресадувањето на бубрезите. Ја основал и раководел програмата за лекување на ТБИ со хемодијализа во Македонија.
Масин бил претседател на одборот за ренална трансплантација при Медицинскиот факултет и претседател на Здружението на нефролозите при Македонското лекарско друштво. Носител е на два научни проекта од Министерството за образование и наука, а учествувал во изработката на три меѓународни научни проекти. Во периодот 1982–1990 г. бил претседател на работоводниот орган на Клиниката за нефрологија, а потоа директор на Клиничкиот центар при Медицинскиот факултет во Скопје од 1994 до 1997 г.
Автор и соавтор е на над 200 научно-стручни трудови од нефрологијата.
Наводи
Категорија:Македонски нефролози Категорија:Македонски универзитетски професори