Мојата сестра, сериски убиец е трилер роман од 2018 година од нигериската писателка Ојинкан Брејтвејт. Дебитантскиот роман на Брејтвејт првично бил објавен во Нигерија како е-книга со наслов Подебело од вода во 2017 година, пред да биде објавен во Соединетите Држави од издавачката куќа „Даблдеј Букс“ на 20 ноември 2018 година.

Заплет Во Лагос, Нигерија, Кореде е медицинска сестра во блиска врска со нејзината помлада сестра, Ајола. Ајола е поубавата, поомилена сестра и веројатно е социопат. Трет пат по ред, Ајола го избодува до смрт своето момче, наводно во самоодбрана. Како и претходните пати, Кореде помага во отстранувањето на телото и чистењето на доказите. Нејзината практичност и загриженост ја спречуваат Ајола да се однесува сомнително во врска со нејзиното „исчезнато“ момче, како на пример со објавување на нешта на социјалните мрежи, во моменти кога би требало да тагува.

Кореде се чувствува неценета бидејќи постојано се плаши дека ќе бидат фатени и дека Ајола повторно ќе убие. Таа му се доверува на еден коматозен пациент во болницата во која работи. Таа е вљубена во Таде, љубезен, згоден доктор кој не ја забележува нејзината наклонетост. Сепак, откако ја запознава Ајола, тој веднаш се вљубува во неа и тие почнуваат да се забавуваат. Кореде се плаши дека Таде ќе биде следната жртва на Ајула и мора да се помири со тоа што е подготвена да направи се за својата сестра.

Прием Мојата сестра, серискиот убиец била опишана од Дедлајн како „мрачно комична приказна, за која се зборуваше во издавачките кругови“.

Романот ја освоил наградата за книга на Лос Анџелес Тајмс за 2019 година за најдобра мистерија/трилер, наградата на читателите на „Амазон Паблишинг“ за 2019 година за најдобар дебитантски роман, наградата „Ентони“ за 2019 година за најдобар прв роман, и наградата на Британската награда за книга за криминалистика и трилер за 2020 година. Романот бил на листа за наградата Букер за 2019 година и бил втор најпродаван наслов на листата од јули 2019 година, со 13.052 продадени единици според „Нилсен Букскан“.

Мојата сестра, сериски убиец бил пофален од Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Мари Клер и авторите Ајобами Адебајо и Едгар Кантеро. Во 2018 година, романот бил разгледан за филмска адаптација од страна на продуцентите на Возач.

На македонски јазик била објавена во 2020 г. од издавачката куќа „Антолог“.

Наводи

Категорија:Романи