Кочо Матов Апостолов, познат по псевдонимот Чаушот (Велес, 1888 — Велес, 11 октомври 1962) — македонски диригент и музичар. Претставник на преродбената македонска музика. Основач и раководител на најстарата велешка чалгиска оркестра.

Животопис Кочо Апостолов е роден во 1888 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Според сеќавањето на Живко Фирфов, Апостолов произлегувал од музичко семејство. Неговиот помлад брат Круме исто така се занимавал со музика. Подоцна се запишал во српскиот филолошки факултет во Скопје, денес познат како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од млада возраст Апостолов имал интерест во музиката. Работел како професор по музичко и му предавал на Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Кирил Спировски и други претставници на идната повоена музичка генерација.

За време на Хуриетот во 1908 година, Апостолов основал оркестра во склоп на друштвото „Велешки Јунак“ — огранок на организацијата „Јунак“ во Бугарија. Апостолов ја сфирел флејтата и раководел како диригент на оркестрата. Како претставници на преродбената македонска музика, оркестрата настапувала во Скопје, Солун и Цариград. Во тоа време го добил прекарот Чаушот, т.е. водач. Членови во оркестрата претежно свиреле македонски песни. Меѓу нив биле: Македонски танци, Наш марш (во тоа време песната станала неофицијална химна на Велес), Дружна есен од Георги Кирков — деец и основач на БРСП (ТС) и Китка од македонски ора и песни. Освен македонски песни свиреле и валцери, полки и опери.

Оркестрата постоела сѐ до Првата балканска војна, кога Велес паднала под окупација на Кралството Србија. Како дел од Српската пропаганда, сите македонски оркестри биле укинати. Во 1918 година, оркестрата повторно била обновена со името „Соколско друштво“, исто така под раководство на Апостолов. Таа дејствувала до 1928 година кога со указ од Кралството Југославија била укината. Во нејзино место била основана оркестрата Абрашевиќ како дел од србизацијата на Македонците. По Народноослободителната борба неговата ќерка Лидија Апостолова-Алчева учествувала во основањето на музичкото училиште „Стефан Гајдов“. Таму продолжил да работи Апостолов сѐ до неговото пензионирање во 1950-тите. Починал на 11 октомври 1962 година.

Состав на оркестрата Во 1908 година неговата оркестра била составена од 20 члена, тие биле: +БројИмеЗабелешка1Кочо АпостоловДиригент и сфирел на флејтата.2Димче КирковБрат на Константин Кирков.3Ангел ОрганџиевБрат на Ѓоше и Тодор Органџиев, сфирел виолината.4Лазар Чичевалиев5Ѓорѓи МиновБрат на Алекси Минов, дел од Гемиџиите.6Панче Хаџи ПанзовДел од велешкото револуционерно семејство Хаџи Панзови.7Киро Велев8Кочо БондиќПодоцна се приклучил во МОО при Балканските војни9Јануш ВасковВо сродство со Панче Васков.10Петре Василев11Димко УрумовТатко на Епса Урумова.12Кочо КрајничанецВо сродство со Иван Крајничанец.13Тодор Поп Кочов14Јосиф ПешевВо сродство со Панче Пешев.15Ѓорѓи Иванов16Киро Јосифов17Јовче Поп СтефановВо сродство со Никола Поп Стефанов, значаен трговец18Никола Попов19Јонче Минов20Тодор БоцевТатко на Светлана Боцева.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1888 година Категорија:Починати во Велес Категорија:Починати во 1962 година Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски диригенти Категорија:Македонски учители