Јужна копривка, европска копривка, обична копривка или кочеџик () — листопадно дрво домородно во Јужна Европа, Северна Африка и Мала Азија.
Опис Дрвото може да достигне висина од 25 м, но на посвежа клима обично е високо 10 м. Кората е мазна и сива, речиси како слоновска кожа.More, D. & White, J. (2003).Trees of Britain & Northern Europe, стр. 417. Cassells, London. .
Листовите се наизменични и мазни, тесни, набрани озгора, а влакнести оздола. Имаат остри запци и долги се 5–15 см со темносива до зелена боја, а бледожолти наесен.
Цветовите немаат венечни ливчиња и се опрашуваат со ветерот. Тие се совршени (двополови), мали и зелени, или поединечни или во мали грстови.
Плодот е мала темновиолетова бобинкова костелка широк 1 см кој виси во кратки грстови.
Распространетост и живеалиште Растението претпочита добро исцедени (песочни) и средни (иловични) почви, меѓу кои и оние сиромашни со хранливи материи; издржлива е на суша, но не на сенка. Средоземната клима е особено погодна за ова дрво, но трпи и постудена клима. За одгледувањето на јужната копривка се говори во Книга за земјоделството од Ибн ел-Авам (XII век). (стр. 311-312 (Article XXXVIII)
Во Македонија Во Македонија ова дрво е широко распространето растение кое расте по суви и каменливи делови и по меѓи во потоплите делови. Се среќава во околината на Скопје — Водно, Скопска Црна Гора, Жеден, Осој, Радуша и Катланово; во клисурата на р. Треска, клисурата на Црна Река; Демир Капија; во околините на Кавадарци, Прилеп, Валандово, Струмица, Гевгелија и Дојран. Се посочува и за Преспа и Охрид.
Мошне познат примерок е Охридскиот кочеџик, засаден во 1886 г. од учителот Никола Чудов во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ по повод илјадагодишнината од смртта на сесловенскиот просветител св. Методиј.
Екологија Плодот е многу посакуван од птиците и другите диви животни.
Употреба Дрвото често се сади како украсно растение и се одликува со долговечност и отпорност на загаден воздух.
Плодот е сладок и се јаде сиров или зготвен. Листовите и плодовите се стипчави и имаат ублажувачко дејство на стомакот и варењето. Од нив се прави декокт за лекување на аменореја, обилно менструално и меѓуменструално крварење со грчеви. Ова средство се користи и за стегнување на слузокожата во лекувањето на пролив, дизентерија и чирови на желудникот. Од кората се добива жолто вапсило.
Дрвото е многу јако, свитливо, издржливо и доста распространето кај дрводелците; од тенките фиданки се прават бастуни.
Вторични метаболити Листовите на јужната копривка се богат извор на флавоноидните C-гликозиди. Младите листови од ова дрво во северна Италија имаат највисоко количество на феноли по грам сува мера. Количеството набргу се намалува до средината на мај и потоа се колеба, без распознатлив тренд. Општиот тренд на големо количество на феноли на почетокот на сезоната на раст и наглиот пад на истите ги засегаат деривативите на кофеинска киселина и флавоноидите.
Во културата Јужната копривка е лотосот споменуван во антиката, чиј плод Херодот, Диоскорид и Теофраст го опишуваат како сладок, пријатен и здрав. Во Хомеровата Одисеја (Книга IX) се раскажува за Јадачите на лотос. мини|десно|Охридскиот кочеџик
Во исламската традиција ова дрво се смета за свето, и од него се прават амајлии за истерување на демони. Се вели дека јужните копривки на Храмовата Гора во Ерусалим се најстари во светот.Jerusalem's Oldest Guardians: Hackberry Trees on the Temple Mount , Haaretz
Пред црквата во Фокс Амфу во Прованса, јужна Франција, стои голем примерок, засаден во 1550 г. Висок е 18 м и во 2013 г. имал обиколка од 5 м.
Галерија
Наводи
Категорија:Копривка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година