Буково (, Оксија; до 1927 г. Μπούκοβο или Μπούκοβικ, Буковик) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бук во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1923 г. било населено со Македонци муслимани.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Драмски Чеч, во југоисточно падини на Родопите, североисточно од градот Драма и северно од Бук.

Историја

Во Отоманското Царство Селото се споменува во отомански регистар на имиња од 1478 г. Регистарот покажува дека до тој датум останале само три христијански домаќинства, додека останатите жители биле Турци (Караџа, Турхан, Караѓоз, Балабан, Саруџа, Ширмерд...) или исламизирани мештани (Будак, син на Михал, Шахин, син на Петко, Караѓоз, син на Михал...). Извадок од детален регистар за Западните Родопи и Серско, датиран помеѓу 1498 и 1502 година, ги наведува главите на домаќинствата во селото Буково, како и производството на селото. Се споменува дека припаѓало спаѓало во Чеч, а дека во него имало 86 домаќинства и 14 неженети, сите муслимани. Во подробен регистар на санџакот Паша за даночно обврзаното население од 1569–70 г. селото се води вака: муслимани – 98 домаќинства и 81 неженети.

Во XIX век Буково било македонско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак. По податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Буково имало 20 помачки куќи. Се сметало за маало на соседното село Чатак.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 423 жители, кои поради Првата светска војна, во 1920 г. се свеле на само 85 лица.

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени неколку бегалски семејства (вкупно 48 бегалци), колку што броело селото во 1928 г. Во 1927 г. селото е преименувано во Оксија (Οξυά). Меѓутоа, поради оддалеченоста од соораќајните врски и неповолните услови за живот, колонистите го напуштиле селото и се иселиле во други околни места, поради што селото било избришано од евиденција. Атарот бил припоен кон оној на с. Белен.

Личности Родени во Буково

Алексиос Сарафис (Αλέξιος Σαράφης) — андарт

Наводи

Категорија:Историски села во Бук Категорија:Чеч