Blackpink (, ) — јужнокорејска женска група основана во 2016 г. од страна на YG Entertainment. Колективот се состои од четири членки: Џису, Џени, Розе и Лиса. Дебитирале на 8 август 2016 г. со сингл-албумот Square One.
Blackpink станале првата женска група на YG Entertainment по дебито на 2NE1 во 2009 г. Нивните први пет сингла биле продадени во САД во тираж од 113.000 дигитални примероци, а сите нивни албуми се искачиле на врвот на топ-листата за дигитални албуми на Billboard; Blackpink ја зазеле највисоката позиција за женска корејска група на топ-листата Social 50; тие станале првите корејски изведувачи што влегле во топ-25 летни песни на YouTube со сингловите како As If It’s Your Last.
Заклучно со 2022 г., Blackpink важат за најуспешната к-поп женска група, чии албуми оствариле највисоки позиции на Billboard Hot 100 и Billboard 200. Тие се и првата женска к-поп група со четири сингла на првото место на светската топ-листа за продажба на дигитални песни на Billboard. Во времето на објавувањето, Ddu-Du Ddu-Du било најгледаното корејско музичко видео во првите 24 часа на YouTube, а во јануари 2024 г. станало најгледаното музичко видео од некоја к-поп група на веб-страницата. Оваа позиција ја задржало до денес, заостанувајќи меѓу корејските изведувачи само зад хитот на раперот Psy, Gangnam Style. На трето место се наоѓа уште еден хит на групата, Kill This Love, чиј спот бил најгледано видео во 24 часа воопшто (рекорд што подоцна го собориле BTS со хитот Boy with Luv, потоа првото место повторно го зазеле BLACKPINK со песната How You Like That, за подоцна повторно да бидат надминати од BTS — најпрвин со песната Dynamite, а потоа и со Permission to Dance).
Членови Сценско име Вистинско име Датум на раѓање Улога во групата Мак. Англ. На македонски Хангул / Тајландски Џису Jisoo Ким Џису 김지수 3 јануари 1995 водечки вокал, визуел Џени Jennie Ким Џени 김제니 16 јануари 1996 главна раперка, водечки вокал Розе Rosé Парк ЧејонгИма и англиско име — Розана Парк 박채영 11 февруари 1997 главен вокал, водечка танчарка Лиса Lisa Лалиса МанобанПри раѓање — Пранприја Манобан ลลิสา มโนบาล 27 март 1997 главна танчарка, водечка раперка, макне
Дискографија
Корејски албуми
Студиски албуми The Album (2020) Born Pink (2022)
Миниалбуми Square Up (2018) Kill This Love (2019) Deadline (2026)
Јапонски албуми
Студиски албуми Blackpink In Your Area (2018)
Миниалбуми Blackpink (2017)
Наводи
Надворешни врски
(корејски и англиски)
Категорија:Музички групи основани во 2016 година Категорија:Јужнокорејски женски групи