Солунската бугарска женска гимназија „Св. Благовештение“ () била едно од најзначајните женски средни училишта на Бугарската егзархија во Османлиската Македонија. Таа постоела од 1881 до 1913 година во Солун и претставувала главен центар за образование на девојки од Македонија и пошироките балкански области.

Основање и развој мини|Царевна Миладинова, основателка на првиот пансион и женско класно училиште во Солун, во учебната 1882–1883 година, со учителките и ученичките од пансионот. По создавањето на Бугарската егзархија во 1870 година, егзархиската црковно-училишна мрежа започнала да отвора училишта низ Македонија. Во времето на основањето на гимназијата, женското образование во Македонија било слабо развиено, а мнозинството девојчиња немале пристап до формално образование. Гимназијата имала за цел да создаде образован женски кадар, особено учителки за егзархиските училишта.

Гимназијата била основана во 1881 година, кратко по отворањето на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Таа била замислена како женски пандан на машката гимназија и постепено прераснала во целосна гимназија.

Директори

Царевна Миладинова — (1883 – 1884) Георги Кандиларов — (1884 – 1885) Костадин Стателов — (1885 – 1886) Елисавета Кондратиева — (1886 — 1889) Христо Батанџиев — (1889 — 1890) Марин Пундев — (1890 — 1894) Јордан Хаџипетров — (1894 — 1895) Михаил Сарафов — (1895 — 1896) Анастас Наумов — (1896 — 1897) Георги Пенев — (1897 — 1899) Антон Попстоилов — (1899 — 1901) Благој Десковски — (1901 — 1902) Тодор Танев — (1902 – 1910) Јордан Николов — (1910 – 1911) Благој Калејчев — (1911 – 1912) Јордан Бомболов — (1912 – 1913)

Категорија:Османлиски Солун Категорија:Училишта на Бугарската егзархија