Cionura е род на повеќегодишни растенија што се среќава низ медитеранските региони, јужните и источните делови на Балканскиот Полуостров и Мала Азија до Авганистан, го има и во Македонија. Содржи само еден познат вид, Cionura erecta.

Опис Растенијата имаат дрвенести стебла, или исправени или плетечки со бројни тревни раширени стебла и отровен млечен сок. Листовите се светло зелени и широко овални долги од 7-12 см. и широки од 4- 8 см. Големи гроздови од нежни миризливи бели цветови пуштаат терминално цветање од април до јуни. Сегментите на круничката се слободни. Растенијата создаваат плодови до 8 см долги со преклоп. Семето има широко маргинално крило наоколу со терминално праменче од долги бели свиленкасти влакна. Бидејќи растението е отровно, козите и овците не му се приближуваат.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Авганистан