Градинарство — поим кој означува одгледување на растенија заради нивното пријатно цвеќе или зеленило, како и зеленчук, овошје за исхрана, во кој случај е познато и како бавчанџиство. Градинарството се практикува од прехранбени причини, но и за разубавување на животната околина. По својот размер варира: од овоштарници, долги булеварски леи со еден или повеќе видови зеленило, дрвја и тревести растенија, домашни тревници и темел-садења, па сè до мали и големи саксии за одгледување внатре или надвор. Градинарството често е конкретно, со одгледување на само еден вид на растение, а може да биде и мешано, со голем број на различни растенија. Тоа подразбира активно учество, посветеност и труд, по што се разликува од полјоделството или шумарството.
Видови градинарство
Домашно градинарство кое се одвива близу домот, на место наречено градина. Иако градината обично се наоѓа на земја крај живеалиштето, истата може да биде сместена и на покрив, во атриум, на балкон, во прозорска саксија или пак на патио или во вивариум. Кога станува збор за одгледување на зеленчук и овошје, тогаш ваквата градина се нарекува бавча.
Градинарството се одвива и на нестамбени зеленила, како паркови, јавни или полујавни градини (ботанички или зоолошки), забавни паркови, крај транспортни премини и околу туристички атракции. Во овие случаи, градината ја одржуваат градинари или одржувачи.
Внатрешно градинарство кое се занимава со одгледување на домашни растенија во рамките на еден дом, во стаклена градина или стакленик. Внатрешните градини понекогаш се составен дел од климатизацијата или грејниот систем на објектот.
Водно градинарство кое се занимава со одгледување на растенија приспособени за базени и езерца. Наједноставната водна градина може да се состои само од сад со вода и растенија.
Садово градинарство кое се занимава со одгледување на растенија во некој вид на сад, внатре или надвор. Садови можат да бидат саксии, висечки кошници и жардинери. Ваквото градинарство обично се одвива на балкони, тремови, атруми и на покрив.
Здружено градинарство е социјална активност при која извесна површина земја се одгледува од повеќе луѓе, така овозможувајќи свежи производи и растенија како и пристап кон задоволителен труд, подобрување на соседството, смисла за заедница и поверзување со околината.Hannah, A.K. & Oh, P. (2000) Rethinking Urban Poverty: A look at Community Gardens. Bulletin of Science, Technology and & Society. 20(3). 207-216. Заедничките градини се во сопственост на фонд на локалната власт или некоја непрофитна организација. Ferris, J., Norman, C. & Sempik, J. (2001) People, Land and Sustainability: Community Gardens and the Social Dimension of Sustainable Development. Social Policy and Administration. 35(5). 559-568.
Споредба со полјоделството
Во поглед на неговата прехранбена намена, градинарството (бавчанџиството) се разликува од полјоделството главно по размер и цел. Полјоделството е поголемо по размер, и има за цел да произведува продажни стоки. Градинарството по размер е помало, и има за цел да произведе стока за семејството на сопственикот или за заедницата. Една меѓуваријанта е малостопанственичкото градинарство, каде земјоделецот или градинарот одгледува на мало, за продавање на сопствена тезга на пазар.
Главната разлика помеѓу градинарството и полјоделството е во големината; градинарството може да биде хоби и извор на додатни приходи, додека полјоделството е редовна стопанска активност, која се одвива на поголеми површини и користи поинакви методи. Градинарството бара личен труд и не му е потребен некој посебен инфраструктурен капитал, обично не повеќе од неколку алатки (на пр. лопата, мотика, корпа и вадалка. За разлика од тоа, полјоделството на големо бара систем на наводнување, вештачки ѓубрива и жетварски возила и скали, на пр. за достигање на овошки. Меѓутоа во последно време оваа разлика се губи со употребата на електрични и моторизирани алатки дури и во мали градини.
Делумно заради макотрпноста, физичката посветеност и естетските причини, градинарството е многу попродуктивно по единица површина отколку полјоделството. Во СССР, половина од храната доаѓала од малите селски парцели во рамките на огромните државни колхози, иако самите тие биле мали бавчи.
Понекогаш се среќава поимот прецизно земјоделство, за градинарство кое користи соодветна техонологија (повеќе како алатки, помалку како жетварки), особено за органското одгледување. Градинарството може успешно да се прилагоди за прехрана на цели села од над 100 луѓе од специјализирани парцели. Варијанта на ова е заедничката градина која им нуди парцели на урбаните жители.
Градинарството како уметност thumb|right|250px|Градинар Градинарскиот дизајн во повеќето култури се смета за уметност, и се разликува од градинарството, кое обично значи одржување на градина. Во Јапонија, самураите и зен-свештениците често морале да изработуваат декоративни градини и да практикуваат цветен аранжман наречен икебана. Во XVII век во Европа биле ангажирани пејзажни градинари за преобразување на имотите во формални градини или пејзажирани паркови. Такви примери се Версај во Франција и Стоу во Англија. Денес пејзажните архитекти и градинарските дизајнери продолжуваат да создаваат уметнички креативни дизајни за приватни дворови.
Историја
Градинарството за прехрана датира од праисторијата. Орнаменталните градини постоеле уште во антиката. Познат пример се Семирамидините висечки градини, додека во Стариот Рим секоја куќа со внатрешен двор имала градина.
Градината како тема во уметноста и во популарната култура Градината како тема во книжевноста „Тајната градина“ (англиски: The secret garden) - роман на американската писателка Френсис Хоџсон Барнет од 1911 година.Frances Hodgson Burnett, The Secret Garden. Skopje: Ars Lamina - Publications, Libi, 2017. „Крај градината Сали“ (англиски: Down by the Sally Gardens) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 57. „Градина на тајните“ - поетска збирка на бразилскиот писател Рибејро Коуто од 1921 година.Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 286. „Снежнобела градина“ - песна на рускиот поет Станислав Красовицки.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 73. „Градината во март“ — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Песме. Рад, Београд, 1970, стр. 117. „Влегување во градината“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 211. „Заминување од градината“ — песна на Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 223. „Бавча“ (српски: Башта) - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 65. „Градина на мачењето“ (француски: Le Jardin des suppplices) - роман на францускиот писател Октав Мирбо од 1899 година.Октав Мирбо, Градина на мачењето. Скопје: Темплум, 2009. „Нездодевната градина“ - поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1919 година.Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 74-82. „Градина на камењата“ - роман на руско-турската писателка Јана Темиз.Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 22. „Ботаничка градина“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 23. „Градинар“ - суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 47.
Градината како тема во музиката „Во градина има“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 162. „Се свалила Митра долу во градина“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 27. „Влегло моме во градинче“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 107. „Сношти минав крај рајската градина“ - македонска народна песна.Macedonian Folklore Classics, Anka Gieva. Macedonian Radio and Television, MP 41048. „Атомска градина“ (англиски: Atomic Garden) - песна на американската хард-кор група Bad Religion.YouTube, Bad Religion - Atomic Garden (пристапено на 13.1.2017) „Градината на октоподот“ (англиски: Octopus's Garden) - песна на британската група Битлси од 1969 година.DISCOGS, The Beatles – The Beatles (пристапено на 27.6.2019) „Градината на Зефир“ (англиски: The Garden Of Zephirus) - песна на британската група Dead Can Dance од 1990 година.Discogs, Dead Can Dance – Aion (пристапено на 15.7.2020) „Трн во градината“ (англиски: Thorn Tree In The Garden)“ - песна на блуз-рок групата Derek and the Dominos од 1970 година.YouTube, Layla Derek and the Dominos (пристапено на 30.10.2017) „Сеќавање на градината“ (англиски: Garden Recalled) — песна на дуото Ено / Вобл (Eno / Wobble) од 1995 година.[ttps://www.discogs.com/master/14101-Eno-Wobble-Spinner Eno* / Wobble* – Spinner (пристапено на 31.1.2024)] „Градината на црвот“ (англиски: Garden Of Worm) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.King Crimson – In The Wake Of Poseidon (пристапено на 27.1.2023) „Висечка градина“ (англиски: Hanging Garden) - песна на британската рок-група Кјур (The Cure).YouTube, The Cure - Hanging Garden (пристапено на 26.9.2019) „Напуштени градини“ (англиски: Deserted gardens) - песна на македонската рок-група Mooger Fooger.Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001. „Градина“ (англиски: Garden) — песна на американската рок-група Перл Џем (Pearl Jam) од 1991 година.Discogs, (пристапено на 8.6.2023) „Враќање во градината (Делови I-IV)“ (англиски: Back to the Garden (Parts I-IV)) - песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).YouTube, Reagan Youth - Back to the Garden (Parts I-IV) (пристапено на 5.2.2018) „Градина“ (англиски: Garden) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1983 година.Discogs, The Fall – Perverted By Language (пристапено на 7.1.2025) „Тајната градина“ (англиски: The Secret Garden) - песна на американскиот музичар и продуцент Квинси Џоунс (Quincy Jones) од 1989 година.Discogs, Quincy Jones – Back On The Block (пристапено на 14.7.2020)
Градината како тема во ликовната уметност „Пролет во градината“ (хрватски: Proljeće u vrtu) - слика на хрватскиот уметник Фердо Ковачевиќ од 1913 година.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
Градината како тема во филмот „Градината на Финци-Контини“ (италијански: Il Giardino dei Finzi-Contini) - италијански филм од 1970 година, во режија на Виторио де Сика. „Градина“ (Garten) - австриски филм од 2018 година, во режија на Петер Шрајнер.Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.
Поврзано Градина Градинар Бавча Герила градинарство Список на градинарски теми
Наводи
Категорија:Градинарство Категорија:Хортикултура