, познат и како Tokyo MX — јапонски телевизиски канал и истоимена телевизиска мрежа. Tokyo MX бил основан на 30 април 1993 г., а прикажувањето започнало на 1 ноември 1995 г. Тој конкурира со Nippon TV, TV Asahi, NHK General TV, NHK Educational TV, TBS TV, TV Tokyo и Fuji TV, кои се матични станици на националните мрежи. Има сопствена радиостаница Tokyo FM Broadcasting (Tokyo FM). Тој е единствениот недржавен канал што ја опслужува само префектурата Токио. Меѓу акционерите се владата на префектурата Токио, Tokyo FM Broadcasting и други. Член е на Јапонската асоцијација на независни телевизии (JAITS). Секоја недела Tokyo MX прикажува прес-конференции на гувернерот на Токио.

Каналот Tokyo MX2, кој прикажува програма на вториот дигитален потканал на Tokyo MX, во работните денови (од 9:00 до 15:00 часот) ги прикажува берзанските курсеви од Токио со краток преглед на поединечни акции и пазарот во целина. Во доцните вечерни и ноќни часови главно прикажува аниме.

Историја На 30 април 1993 г., група предводена од поранешниот банкар од Dai-Ichi Kangyo Bank (денес Mizuho Bank) Тецуо Фуџимори ја основала Tokyo Metropolitan Television Broadcasting Corporation за да создаде петта комерцијална телевизиска станица на која ѝ е издадена лиценца во Токио. Станицата ја добила лиценцата на 13 октомври 1995 г., а два дена подоцна започнала со проби на програмата под името MX-TV. MX-TV започнал со прикажување на 1 ноември 1995 г. во 4:00 часот по јапонско време со 14-часовна воведна програма насловена ; редовното прикажување започнало во 18:00 ч. по јапонско време истиот ден.

Прв извршен продуцент на каналот бил Јошихико Мураки, поранешен продуцент во TV Man Union, продуцентска куќа поврзана со TBS. Вдахнат од њујоршките вести на каналом NY1, Мураки сакал да го издвои каналот од своите попознати конкуренти така што 12 часа од секојдневната програма ќе ги посвети на актуелни вести, а остатокот на алтернативни програми посветени на регионот на Токио. Вестите насловени како направиле револуција на јапонската телевизија со вести преку воведување на концептот на видеоновинарство, во кој новинарите на каналот самите ги снимале, обработувале и уредувале своите прилози, а исто така правеле и извештаи за нив. Овие 12 часа вести биле поделени на 5 дневни блока: утрински, претпладневен, вечерен, ноќен и полноќен. Освен тоа, во живо се пренесувале извештаи од Метрополитенската полициска управа, зградата на градската власт во Токио и Телеком-центарот, каде што првично било сместено седиштето на каналот.

Во првите години од своето постоење, телевизискиот канал се соочувал со тешкотии поради слабиот сигнал и силните несогласувања со раководството. Некои акционери немале искуство во работата на телевизија, па доаѓало до скандали околу работењето и сопственичката структура на радиодифузерот. Покрај тоа, аналогниот сигнал од Токиската кула не го покривал целиот регион, а во најисточните делови на градот сигналот бил слаб. Во јуни 1996 г., Мураки поднел оставка, а во август следната година биле отпуштени потпретседателот и генералниот директор на каналот Казуо Кинумура. Во септември оставка поднел и програмскиот одбор на каналот. Набргу потоа, наспроти заднината на азиската финансиска криза, каналот започнал да се соочува со сериозни економски проблеми.

Кризата почнала да се разрешува кон јуни 1997 г., кога FM Tokyo презела иницијатива и го купила контролниот пакет акции од радиодифузерот. Како последица на оваа зделка, претседателот на FM Tokyo, Ватару Гото, и претседателот на управниот одбор на Odakyu Electric Railway, Цутому Шимизу, биле назначени за претседател и потпретседател. Гото и Шимизу одлучиле да се откажат од амбициозек формат на вести и да го репозиционираат каналнот како поуниверзална радиодифузна станица со силен акцент на месната публика. Иако вестите биле задржани, макар и во скратен облик и во поредовен формат, станицата започнала да додава повеќе забавни програми, вклучувајќи месни естрадни емисии и покривање на локални спортови, како и вечерно аниме и реклами во периодите со слаба гледаност. Ова ги подобрило оценките и финансиските резултати на станицата, па до 2002 г. компанијата станала доходна. лево|мини|Старото седиште на Tokyo Metropolitan Television (од 1995 до 2006 г.) — зградата на Телеком-центарот. На 12 декември 2000 г., MX-TV извршил промена на името и визуелниот идентитет и се преименувал во . Станицата започнала со дигитално телевизиско прикажување на 1 декември 2003 г., а во јули 2006 г. го сменила името во Tokyo MX, откако се преселила во новото седиште во Тијода. Овие преселувања на крајот повторно ги разнишале финансиите на станицата, но пуштањето во употреба на дигиталното терестријално прикажување ѝ овозможило да се израмни со конкурентите и да им овозможи на поголем број гледачи да ги следат нејзините програми. На крајот, до 2011 г., станицата се опоравила од овие финансиски тешкотии.

Tokyo MX го исклучила аналогното прикажување на 24 јули 2011 г. Од 27 август 2012 г., станицата започнала со прикажување од кулата Tokyo Skytree, проширувајќи ја зоната на покривање до најблиските околини на Токио; во зградата каде што се прикажуваат забавните програми, исто така била отворена улична студија. Поради тоа, на 12 мај 2013 г., Tokyo MX го прекинала прикажувањето од Токиската кула.

Вториот канал, Tokyo MX2, започнал со прикажување во април 2014 г. Каналот работи на вториот потканал на Tokyo MX1 и главно е посветен на алтернативна програма.

На 1 ноември 2015 г., станицата ја прославила својата 20-годишнина.

Програми Аниме Pretty Cure (Futari wa Pretty Cure, Happiness Charge Precure!, Futari wa Pretty Cure Max Heart, Go! Princess Precure, Futari wa Pretty Cure Splash Star, Mahou Tsukai PreCure!, Yes! PreCure 5, KiraKira☆Precure A La Mode , Fresh Pretty Cure!, HUGtto! Precure, Star☆Twinkle PreCure, HeartCatch Precure!) Sword Art Online (Sword Art Online, Sword Art Online II, Sword Art Online: Alicization, Sword Art Online: Alicization - War of Underworld) The Irregular at Magic High School (The Irregular at Magic High School, The Irregular at Magic High School: Visitor Arc) The Misfit of Demon King Academy Date A Live The Day I Became a God D4DJ

Наводи

Надворешни врски Матична сстраница TOKYO MX Drama TOKYO MX Variety Show TOKYO MX NEWS TOKYO MX anime Категорија:Телевизиски канали во Јапонија