thumb|right|Наткасна Наткасна (исто така позната и како ноќно масиче) — мала комода или маса што се поставува или закачува на ѕид покрај креветот, или пак е споено со таблата од главата на креветот.
Конструкција Наткасната обично се изработува од дрво; горната плоча („капакот“) исто така е дрвена, има пластична обвивка или е заштитена со стакло, а понекогаш и со мермер. Под капакот често има плитка фиока или отворена ниша (понекогаш и двете) за складирање ситници.
Типични размери на наткасна: ширина 0,35 — 0,50 м; длабочина 0,45 — 0,60 м; висина 0,60 — 0,75 м.
Местоположба Во семејната спална соба се поставуваат една или две наткасни. Во случај на единечни кревети, понекогаш се користи една наткасна меѓу нив; за брачен кревет вообичаено е да се стави по една наткасна на секоја страна. Наткасната може да се закачи и на таблите од креветот или на ѕидот.
Историја Наткасните се појавиле во XVIII век во Франција. Првично се користеле за сокривање на нокширот, што било неопходен дел од спалната соба во тоа време.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мебел Категорија:Маси