Св. Богородица (или Успение на Пресвета Богородица) — православна црква во велешкото село Крива Круша, Општина Чашка, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена во XIX век. Претставите на некои од светците во неа — Харалампиј, Ѓорѓи, Никола, Василиј, Петар и други — се дело на Анѓелко и Велјан Андонови, браќа на Димитар Андонов Папрадишки. На претставата на Свети Илија има натпис „Зографи Ангелко и Веланъ Андонови Папрадище 1892 година ноември 7 день“. Работата не се одликува со висок уметнички квалитет, за разлика од делата на нивниот прочуен брат.

Поврзано Повардарска епархија Велешко архијерејско намесништво

Наводи

Крива Круша Крива Круша Категорија:Дела на Дебарската школа