Polycnemum arvense е вид скриеносемено растение кое припаѓа на семејството Amaranthaceae.
Потекнува од Европа до Кина.
Опис Едногодишно растение до 30 цм високо, од основата силно разгрането, со ползечки или вертикални гранчиња кои понекогаш поцрвенуваат. Младите гранчиња тенки, во почетокот покриени со меки влакна, но покасно со нивното отпаѓање тие стануваат голи, по површината обично брадавичести. Листовите голи, 3-8 мм долги, игличесто-шиловидни, триаглести, во горниот дел цилиндрични, на врвот зашилени, во основата проширени, олучести и со ципест раб. Брактеите 3-4 пати подолги од цветовите, а брактеолите еднакви или помали од перијантот, ципести и со долг шиловиден врв. Перијантните ливчиња 5, 1-1,5 мм долги, јајцевидно-ланцетни, на врвот заострени. Прашниците 3. Столпчето со 2 жига. Плодот странично сплескан, вертикален. Пери- карпот ципест. Семките круглести, 1-1,5 мм долги, црни, светликави, по површината со густи ситни брадавички.
Распространетост во Македонија Широко распространето растение на територијата на Македонија, кое расте по брдските пасишта, нивите, песокливите места, засолените почви и покрај патиштата, до 1.000 м надморска височина.
Наводи
Категорија:Штирови Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа