мини|Бардо во 1969 Жени — секс-комедија од 1969 година, за која сценариото и режијата биле на Жан Орел, а во главните улоги настапиле Брижит Бардо и Морис Роне. Во Франција, филмот забележал посетеност од 505.292 гледачи.Box office information for film at Box Office Story
Улоги Брижит Бардо како Клара Морис Роне како Жером Кристина Холм како Маријана Ани Дипере како Елен Жан-Пјер Мариел како издавачот Тања Лопер како Луиз
Производство Овој филм претставува пресвртница во кариерата на Бардо, со оглед на тоа што таа почнала да се повлекува од филмовите наменети за меѓународниот пазар и повеќе да се насочува кон остварувања за домашниот, француски пазар.
Цензура При премиерата на „Жените“ во Италија во 1970 година, Комисијата за филмска цензура при италијанското Министерство за културно наследство и активности му доделила на филмот ознака VM18, односно бил забранет за деца под 18 години. За филмот да биде јавно прикажан, Комисијата ги наметнала следниве измени: 1) Да се избришат голите сцени на Маријана како лежи во кревет; 2) Да се намали секвенцата од сексуалниот однос помеѓу Жером и Маријана, кои се голи; 3) Да се намали последната секвенца од сексуалниот однос помеѓу Жером и Клара, со цел да се избегнат сцени во кои таа е гола и сцени со похотливи галења. Причината за ограничувањето на возраста, наведена во официјалните документи, е дека: дури и по кратењата, филмот е сè уште проткаен со еротизам и е несоодветен за чувствителноста на малолетник. Официјалниот број на документот бил: 55377 и бил потпишан на 20 јануари 1970 година од министерот Доменико Магри.Italia Taglia Database of the documents produced by the Committee for the Theatrical Review of The Italian Ministry of Cultural Heritage and Activities, from 1944 to 2000.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 1969 година Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови со Брижит Бардо