Европска жолта имела (науч. Loranthus europaeus) — вид паразитско растение од родот жолта имела, Loranthus.
Опис Ова е мала листопадна грмушка висока до 50 см. Гранчињата се дихотомно разгранети, со темнокафеава до речиси црна кора. Листовите се долгнавесто обратно јајцевидни или елиптични, целокрајни, на врвот затапени, кожести, темнозелени. Цветовите се еднополни, жолтеникаво-зелени во пазувите на листовите.
Во Македонија Во Македонија се развива како полупаразит на различни видови од даб, костен и бука (Quercus, Castanea и Fagus). Видот е познат за Кичевско, село Цер, Бистра, Лазарополе, Гарска Река, Галичица, Кожуф, и Струмичко.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа