Света Троица — главна селска црква во селото Брезица.

Местоположба Црквата се наоѓа во северниот дел од селото.

Историја Црквата била обновена на 20 јуни 1871 година, а главен организатор на изградбата бил Стево од родот Стевови. Познато е дека во дворот на црквата во минатото имало основно училиште, во коешто наставата ја посетувале ученици од Брезица, Градманци и Летевци, како и кооперација (продавница) во којашто се продавале различни производи.Информативна табла со наслов „Црква Св. Троица, с. Брезица, Општина Петровец“. 20 септември 2019.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има слепа ниша, додека црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има правоаголна ниша со натпис на црковнословенски јазик во којшто се споменува 1871 година. Објектот во целост е обоен во розева боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана и во неа има иконостас и икони коишто не се одржувани. Во текот на 2022 година, врз состојбата на црквата е направен увид од страна на стручен состав од Ну Конзерваторски центар - Скопје.„Црква "Света Тројца" с.Брезица, катлановско“. НУ Конзерваторски центар - Скопје. 6 април 2022.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се наоѓаат селските гробишта, камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата се издига во југозападниот дел од дворот на црквата. Таа претставува примитивна метална конструкција со квадратна основа којашто е покриена со лимен кров.

Галерија

Поврзано Брезички манастир Црква „Св. Недела“ - Брезица Црква „Св. Петка“ - Брезица Скопска епархија Северноскопско архијерејско намесништво Брезица

Наводи

Надворешни врски

Брезица