Господарот на прстените: Потрагата по Голум () — претстоен авантуристички филм во жанрот епска фантастика во режија на Енди Серкис, што претставува спиноф на Господарот на прстените. Главните улоги во филмот ги толкуваат самиот Серкис, Џејми Дорнан, Лео Вудал, Елајџа Вуд, Ијан Макелен, Ли Пејс и Кејт Винслет. Премиерата на остварувањето е закажана за 17 декември 2027 г. во САД, а во Македонија на 16 декември истата година.
Содржина Дејството на филмот се одвива во Средната Земја — свет создаден од Џ. Р. Р. Толкин. Главен лик ќе биде Смеагол/Голум — хобит жртва на Единствениот прстен. Се претпоставува дека заплетот ќе биде сличен на оној од љубителскиот кусометражен филм од 2009 г., каде вилениците и Дунедаините се обидуваат да го фатат Голум. Во овој случај, настаните се случуваат помеѓу дејствата прикажани во воведниот дел на Дружината на прстенот и главниот дел од кинотрилогијата, односно помеѓу роденденот на Билбо Багинс и заминувањето на Фродо и неговите сопатници од Шир.
Извршниот директор на Warner Bros., Дејвид Заслав, во мај 2024 г. изјавил дека сценаријата ќе содржат нови развиени приказни. Истовремено, еден од продуцентите, Питер Џексон, уверил дека филмот целосно ќе го задржи духот на делата на Толкин.
Улоги
| Енди Серкис|| Голум / Смеагол |- | Џејми Дорнан|| Арагорн |- | Лео Вудал|| Халвард |- | Елајџа Вуд|| Фродо Багинс |- | Ијан Макелен|| Гандалф |- | Ли Пејс|| Трандуил |- | Кејт Винслет|| Маригол
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2027 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски авантуристички филмови Категорија:Филмови на New Line Cinema Категорија:Филмови снимени во Нов Зеланд Категорија:Новозеландски филмови