Свети Константин и Елена — главна селска црква во азотското село Оморани, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самото сретсело и преовладува во однос на куќите околу.

Историја

Црквата првин била изградена во 1871 година, но подоцна била запалена од страна на мештаните Албанци. Палењето на црквата се случило заради тоа што Албанците ја грабнале македонската девојка Венка, која потоа селаните Македонци со употреба на сила ја ослободиле и ја омажиле во селото Смиловци, поради што во знак на одмазда Албанците ја запалиле оморанската црква.

Црквата повторно била подигната во 1913 година од страна на Андреја Дамјанов.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата била зографисана од страна на Димитрија Андонов-Папрадишки.

Галерија

Поврзано Велешко архијерејско намесништво Богомилска парохија Оморани

Наводи

Надворешни врски

Оморани Категорија:Дела на Дебарската школа