Анхелика Маргарита Арамбари (22 април 1945, Ла Плата– 11 октомври 2012 г., Ла Плата) била аргентинска ботаничарка и миколог. Таа била продекан на Факултетот за природни науки и Музејот на Националниот универзитет во Ла Плата.

Кариера Анхелика Маргарита Арамбари докторирала во 1982 год на Националниот универзитет во Ла Плата. Таму работела како виш советник, академски советник, како член на Консултативниот совет на Одделот за ботаника и како продекан. Била раководител на Одделот за микологија на Институтот „К .Спегацини“.

Арамбари била професорка и главен истражувач на Националниот совет за научни и технички истражувања.

Таа ја освоила наградата Луис Федерико Лелоар за микологија.

Наводи

Категорија:Починати во 2012 година Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки