Перса Милан Ковачевска ( во —) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис За времето на окупацијата живеела во Прилеп. Од август 1941 година била член на СКОЈ од кога и датира нејзиното активно учество во НОД. Собирала храна и облека, растурала илегален материјал. Во текот на 1942/43 година раководела со младинска група. Повремено чувала илегалци. Од 10 мај 1944 година станала борец во Втората македонска бригада, потоа во Петтата прилепска бригада. Во декември 1944 година во единиците на НОВ била примена за член на КПМ. Заземала должност политички делегат на вод.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ