Патриша Берјак (29 декември 1939 – 21 јануари 2015) ― јужноафриканска ботаничарка позната по својата работа во областа на биологијата на семињата на растенијата, особено рекалцитрантноста на семињата. Таа била професорка 48 години на Универзитетот Квазулу-Натал.
Таа се стекнала со диплома по биохемија на Универзитетот во Витватерсранд (1962), а потоа продолжила на Универзитетот во Натал, каде што се стекнала со титулата магистер по физиологија и биохемија на цицачите (1966) и докторирала по биологија на семињата (1969). Таа била членка на Академијата на науките на Јужна Африка како и член на Универзитетот во Натал, Кралското друштво на Јужна Африка и Академијата на науките за Третиот свет. Во 2006 година била наградена со Орденот Мапунгубве (Сребро).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Починати во 2015 година Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Статии со hCards Категорија:Јужноафрикански ботаничари