Џејмс Едвард Тирни Ејчисон (28 октомври 1835 – 30 септември 1898) ― шкотски хирург и ботаничар. Тој работел како британски комесар во Ладак, Индија, во 1872 година, собрал бројни примероци од регионот и објавил каталози на растенија, вклучувајќи ги и оние од економски интерес. Родот на растенијата Aitchisonia е именуван по него од страна на Хелмсли, но името повеќе не е во употреба.
Живот Ајчисон е роден во Нимуч во централна Индија, втор син на мајорот Џејмс Ајчисон од Источноиндиската компанија на Шкотска. Неговата мајка Мери Тарнер била сестра на Џон Вилијам Тарнер и преку неа тој се заинтересирал за растенијата уште од рана возраст. Семејството се вратило во Шкотска каде што се школувал во парохиското училиште „Ласвејд“, граматичкото училиште „Далкит“ и академијата во Единбург.
Џејмс докторирал медицина на Универзитетот во Единбург во 1858 година, презентирајќи ја својата теза „Емфизем, една од компликациите на породувањето“ , а потоа влегол во Бенгалската медицинска служба. Работел како граѓански хирург во Амритсар, каде што помогнал и во основањето на училиште. Тој страдал од заболување на црниот дроб и се вратил во Англија, во кое време работел на каталог на растенијата од Пенџаб и Синд во 1869 година. Во 1872 година бил назначен за комесар на Ладак. Тој собрал речиси 10.000 примероци од 950 видови растенија за време на неговата служба во 29-тиот Пенџабски полк под водство на лорд Робертс во долината Курам. Во 1884 година бил натуралист во Комисијата за авганистански граници, и на оваа експедиција собрал речиси 10.000 примероци од 800 видови. Тој бил избран за член на Кралското друштво во Единбург во 1881 година и за член на Кралското друштво во Лондон во 1883 година ,а за член на Линеовото друштво во 1863 година. Во 1883 година бил прогласен за командант на Редот на Индиската Империја.
Неговите хербариуми се зачувани во Кралските ботанички градини, Кју и Калкута.
Тој се оженил со Елеонор Кармајкл во 1862 година. На Општите избори во 1892 година се кандидирал како кандидат на Либералните унионисти за Клекмананшир и Кинросшир.
Починал во Приори Терас, Кју Грин во близина на Лондон на 30 септември 1898 година.
Надворешни врски
Категорија:Членови на Линеевското друштво во Лондон Категорија:Шкотски природонаучници Категорија:Членови на Кралското друштво на Единбург Категорија:Починати во 1898 година Категорија:Родени во 1835 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки