Сергеј Гаврилович Навашин (; 14 октомври 1857 - 10 октомври 1930 г.) ― руски и советски ботаничар и цитолог. Во 1898 година тој открил двојно оплодување кај цветните растенија, фундаментален процес во размножувањето на скриеносемените растенија. Неговата работа одиграла голема улога во развојот на растителната цитологија и ембриологија.

Биографија Навашин бил роден во Царевшин во Саратовската губернија на Руската империја.Син на лекар ,тој дипломирал на гимназијата во Саратов во 1874 и влегол на Медицинско-хируршката академија во Санкт Петербург .Првично студирал хемија во лабораторијата на Александар Бородин.Во 1878 се префрлил на Московскиот универзитет и добил диплома за кандидат по биологија во 1881.Под влијание на Климент Тимиријазев и В .Цингер ,тој се свртел кон проучување на ботаниката.

Подоцна работел како лабораториски асистент на Катедрата за физиологија на растенијата на Земјоделската академија „Петровска“.По затворањето на академијата во 1888 година, тој работел на Санктпетербуршкиот универзитет како асистент на Александар Бородин.

Во 1894 година, Навашин ја одбранил својата магистерска теза по ботаника и бил назначен за професор по ботаника на Киевскиот универзитет, каде што ја раководел и универзитетската ботаничка градина.За време на неговите години во Киев, тој ги спроведел своите најважни истражувања во цитологијата и ембриологијата на растенијата, вклучувајќи го откривањето на халазогамија кај неколку видови дрвја и ,во 1898 година, откривањето на двојно оплодување кај цветните растенија.

Во 1915 година, болеста го принудила да го напушти Киев и да се упати кон потоплата клима на Тбилиси, каде што подоцна работел како професор на Тбилискиот универзитет од 1918 до 1923 година.Во 1923 го основал Биолошкиот институт „Тимирјазев“ во Москва, со кој раководел до 1929 година.

Неговиот син, Михаил Сергеевич Навашин (1896–1973), исто така бил цитолог и генетичар.

Наводи

Категорија:Руски научници Категорија:Членови на Кралското научно друштво во Упсала Категорија:Редовни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Починати во 1930 година Категорија:Родени во 1857 година Категорија:Статии со hCards