Џорџ Симондс Булгер (1853–1922) бил англиски ботаничар. Тој пишувал статии како дописник на Тајмс за Кју Гарденс, како и други дела за ботаниката и природната историја.
Живот Џорџ Булгер бил роден во Блечингли, Сари, како син на доктор по медицина Едвард Булџер. Тој бил братучед на скулпторот Џорџ Блекол Симондс. Се школувал на колеџот Велингтон и на колеџот Епсом и на Мидл Темпл. На 23-годишна возраст станал професор по природна историја на Кралскиот земјоделски колеџ во Сајренсестер, а откако ја држел таа катедра 30 години бил назначен за почесен професор.
Тој исто така од 1884 година бил предавач по ботаника и геологија на колеџот Сити оф Лондон, и на Империјалскиот институт од 1917 година. Професорот Булгер бил активен член на јавни здруженија за природна историја и ботаника, во Друштвото Селборн, Филд клубот во Есекс и Југоисточниот сојуз на научни друштва.
Починал во Ричмонд, Сари, на 4 мај 1922 година.
Дела Делата на Булгер биле објавени во многу изданија, а тоа биле: Употребата на растенијата (1889) , Познати дрвја, Биографски индекс на британски и ирски ботаничари (со Џејмс Бритен), Селото месец по месец: (со Џин Алан Овен), Елементарна геологија, Цвеќиња на полето, Цвеќиња на шумата, Ботаника, Географија на растенијата, Британски цветни растенија (со г-ѓа Хенри Перин) и Вуд (1902).
Употребата на растенијата зборувала за комерцијална употреба на растенијата во области како што се производството на храната и медицината,
Вуд дискутира за карактеристиките и многуте употреби на дрвото, опишувајќи и илустрирајќи различни класификации и издржливост на многу различни видови дрва. Семејство Булгер се оженил со Дороти Хејверс во 1879 година, ќерка на Томас Хејверс, од Телтон Хол, Норфолк. Таа напишала над петнаесет романи и неколку новели помеѓу 1874 и 1903 година под псевдонимот „Тео. Гифт“, вклучувајќи и неколку приказни за девојчиња.
Наводи
Категорија:Членови на Линеевското друштво во Лондон Категорија:Починати во 1922 година Категорија:Родени во 1853 година Категорија:Англиски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки