десно Френсис Алонзо Бартлет (1882 – 1963) — истакнат американски дендролог.
Биографија Бартлет дипломирал на Земјоделскиот колеџ на Масачусетс (сега Универзитет на Масачусетс Амхерст) во 1905 година, каде што подоцна му била доделена почесна докторска титула. Тој две години предавал хортикултура на Институтот Хемптон во Вирџинија, пред еден од покровителите на институтот да го убеди да се пресели во областа на Њујорк, каде што во тоа време многу вредни дрвја за сенки и украсни дрвја почнувале да венат и да изумираат. Бартлет го прифатил предизвикот и во 1907 година ја основал компанијата „Бартлет Три Експертс“ година.
Во 1913 година, Бартлет го основал Арборетумот и градините „Бартлет“ во својот дом во Северен Стемфорд, Конектикат, кој служел како школа за обука на вработените во неговата компанија. До 1927 година, во тек биле доволно научни истражуања за да се оправда основањето на Истражувачките лаборатории за дрвја „Бартлет“, кои најпрво биле сместени во Северен Стемфорд, а од 1965 година се наоѓаат на голем имот во Шарлот, Северна Каролина.Bartlett Arboretum
Наводи
Категорија:Дендролози Категорија:Починати во 1963 година Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари