Езра Брејнерд (17 декември 1844 – 8 декември 1924) бил претседателот на колеџот Мидлбери, Вермонт, САД, од 1885 до 1908 година.
Роден во Сент Албанс, Вермонт, Брејнерд дипломирал на колеџот во 1864 година. Брејнерд ја превзел претседателската функција во време кога колеџот се опоравувал од подолг период на тешкотии. Брејнерд останал претседател 23 години, при што во овој период бројот на студенти се дуплирал, биле изградени библиотеката Стар и салата Ворнер, а колеџот се променил од речиси исклучиво локален колеџ во институција која била повеќе регионално ориентирана. Брејнерд бил едукатор со разновидни интереси, предавајќи речиси секој предмет, од физика до математика, до англиски јазик и реторика. Тој бил особено заинтересиран за ботаника; неговите трудови и писма се наоѓаат во неколку хербариуми и библиотеки низ Нова Англија и Истокот. Разновидните таленти и интереси на Брејнерд, исто така, влијаеле врз неговата образовна филозофија. Брејнерд ги фокусирал своите напори на зајакнување и проширување на образованието што го нудел Мидлбери, наместо на спроведување дисциплина и религија.
Во 1995 година, кога Мидлбери иницирал систем на заеднички станбени простори, заедничкиот простор Брејнерд бил именуван во негова чест.
Еден вид глог, Crataegus brainerdii, бил именуван во негова чест.
Наводи
Надворешни врски
Поранешни претседатели на Мидлбери на www.middlebury.edu Брејнерд Комонс на www.middlebury.edu
Категорија:Починати во 1924 година Категорија:Родени во 1844 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари