Ернст Халиер (15 ноември 1831, Хамбург–19 декември 1904, Дахау) ― германски ботаничар и миколог.
Како млад човек се обучил за градинар, а подоцна студирал ботаника на универзитетите во Берлин, Јена и Гетинген. Од 1858 година работел како инструктор во Фармацевтскиот институт во Јена, каде што во 1860 година ја стекнал својата хабилитација. Во 1865 година станал вонреден професор, а 19 години подоцна поднесол оставка од професорската позиција, односно во 1884 година.
Халиер тврдел дека многу болести се предизвикани од габи, вклучувајќи колера, тифус и мали сипаници. Тој тврдел дека ги извлекол предизвикувачките габи од пациенти, но други научници откриле дека ова е само случај на надворешна контаминација. Неговото дело потоа било во голема мера дискредитирано откако било критикувано од Хајнрих Антон де Бари.
Дела Тој објавил ревизии на делото од Вилхелм Даниел Џозеф Кох „Прирачник за германската и швајцарската флора“; бил одговорен за ревизија на „Флора на Германија“ од Шлехтендал, Лангетал и Шенк; објавил свои оригинални ботанички списи; а како следбеник на филозофијата на Јакоб Фридрих Фриз (1773 - 1843), бил автор на неколку филозофски дела.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Починати во 1904 година Категорија:Родени во 1831 година Категорија:Германски миколози Категорија:Германски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки