Жан Антоан Артур Грис (11 декември 1829–19 август 1872) ― француски ботаничар.
Почнувајќи од 1855 година, работел во лабораторијата на Адолф-Теодор Бронјар (1801 – 1876) во Националниот музеј на природна историја во Париз. Во 1859 година тој го добил својот докторат со дисертација што вклучувала микроскопски студии за хлорофил. Бил автор на 80 научни статии.
Во 1865 година, Бронгниар во негова чест го нарекол родот Grisia (синоним: Bikkia, семејство броќови, Rubiaceae).
Жан Грис починал во Париз на 19 август 1872 на 42-годишна возраст ѓ. Погребан е на гробиштата Пер Лашез.
Категорија:Погребани на гробиштата „Пер Лашез“ Категорија:Починати во 1872 година Категорија:Родени во 1829 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Француски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки