Нада Костова - Ерменка ( во — ) — борец во НОВ на Македонија.
Животопис Таа била работничка во монопол. Била член на младинска воспитна група од 1940 година и учесник во младинските активности во градот. Кон крајот на јули 1944 година заминала на Козјак и станала борец во дополнителниот баталјон при Осумнаесеттата македонска бригада. Учествувала во сите борби што ги водела бригадата и покажала исклучителна храброст во борбите за ослободување на Куманово и Скопје. Како член на III македонска младинска бригада заминала на Сремскиот фронт и учествувала во завршните операции за ослободување на Југославија.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ