Филипините првостепено се поделени на: Покраини и независни Градови Општини и составни градови и Барангаи

Регионите не се дел од оваа административна хиерархија.

Други административни поделби од управен аспект се :

Законодавни окрузи на претставничкиот дом Судски региони.

Локални управни единици Покраини Земјата се дели на 82 покраини како главна управна единица. На чело на секоја покраина стои управник.

Градови и општини

Другите единици кои не се покраини се независни градови. Тие не се водат под покраинските влади и не учествуваат во нивните локални избори.

Општините се секогаш под покраинска управа, освен во регионот Метро Манила, и активно учествуваат во локалните избори на локалните влади.

Барангаи Барангаите се градови со посебни управителства кои можат да бидат и поголеми градови и кои имаат сопствена самоуправа. На чело на секој барангај стои „капетан“.

Други поделби

Региони Регионите се посебни административни еинки во кои се групирани покраините. Сите региони освен Автономниот Регион во Муслимански Минданао немаат политичка моќ.

Законодавни окрузи Филипините се исто така поделени на законодавни окрузи, кои можат да опфаќаат една покраина или повеќе. Може да биде и еден град, а и повеќе во група.

Правни региони Филипините имаат 13 правни региони, кои служат како полесно воспоставување на правниот систом.

left|500п|thumb|Законодавни окрузи right|thumb|Правни региони

Филипини