Васка Кочова ( во — ) — учесник во НОВ и ПОМ.

Животопис Од јуни 1941 година учествувала во НОД како член на читачка група. Во мај 1942 година станала член на СКОЈ. Изработувала облека, собирала храна, организирала читачки групи и чувала илегален материјал. Била курир, пренесувала оружје, муниција и партизански материјал, а нејзиниот дом служел како засолниште за партизани. На 31 август 1944 година се приклучила на единиците на НОВ и ПОМ, борејќи се во Осмата македонска бригада. Била избрана за секретар на СКОЈ во единицата. Во ноември 1944 година станала член на КПМ и била делегат на II конгрес на НОМСМ.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ