Свето Римско Царство (СРЦ; , , ) — германско царство кое постоело од 962 до 1806 во Средна Европа. Со него владеел царот на Светото Римско Царство. Неговиот карактер се сменил за време на средниот век и раниот нов век, кога моќта на царот постепено заслабнувала во корист на принцевите. Во своите последни векови, тоа било само унија од територии.
Територијата на царството била со средиште во Кралството Германија, а ги вклучувало и соседните територии и во својот врв ги вклучувало и Кралството Италија и Кралството Бургундија. Во најголемиот дел од својата историја, тоа се состоело од стотици мали под-делови, принципати, кнежевства, војводства, слободни царски градови и други.
Во 962 година Отон I бил прогласен за цар на Светото Римско Царство (германски: Römisch-Deutscher Kaiser, Римско-германски цар), иако титулата цар на Светото Римско Царство според традиционалните преданија претходно му била доделена на Карло Велики во 800 година. Отон бил првиот цар на државата кој не и припаѓал на династијата Каролинзи.Martin Arbage, "Otto I", in Medieval Italy: An Encyclopedia (Routledge, 2004), p. 810 online: "Otto can be considered the first ruler of the Holy Roman empire, though that term was not used until the twelfth century." Последен цар на Светото Римско Царство бил Франц II, кој абдицирал и го растурил царството во 1806 за време на Наполеоновите војни. По седницата во Келн во 1512 година, името било официјално сменето во Свето Римско Царство на германскиот народ (германски: Heiliges Römisches Reich Deutscher Nation, латински: Imperium Romanum Sacrum Nationis Germanicæ)..Peter Hamish Wilson, The Holy Roman Empire, 1495–1806, MacMillan Press 1999, London, page 2; The Holy Roman Empire of the German Nation at the Embassy of the Federal Republic of Germany in London website
Териториите на Светото Римско Царство денес се дел од државите: Германија (без јужен Шлезвиг), Австрија (без Градиште), Чешка, Швајцарија и Лихтенштајн, Холандија, Белгија, Луксембург и Словенија (освен Прекмурје), делови од источна Франција (Артоа, Алзас, Франш Конте, Француска Фландрија, Савоја и Лорена), северна Италија (главно Ломбардија, Пиемонт, Емилија-Ромања, Тоскана, Тренто и јужен Тирол) и западна Полска (претежно Шлеска, Поморјето и Нојмарк).
Именување Терминот sacrum (т.е. “свет” во смисла на “осветен”) бил поврзуван со средновековното Римско Царство од 1157 година, за време на Фридрих I Барбароса (“Свето Царство”, формата “Свето Римско Царство” се користи од 1254 па понатаму).Peter Moraw, Heiliges Reich, in: Lexikon des Mittelalters, Munich & Zurich: Artemis 1977–1999, vol. 4, col. 2025–2028. Терминот бил додаден на ја одрази амбицијата на Фридрих при доминацијата над Италија и Папството. Пред 1157 година, тоа се нарекувало само Римско Царство.
Во декрет донесен по Седницата во Келн во 1512 година, името официјално било сменето во Свето Римско Царство на германскиот народ(германски: Heiliges Römisches Reich Deutscher Nation, латински: Imperium Romanum Sacrum Nationis Germanicæ).Peter Hamish Wilson, The Holy Roman Empire, 1495-1806, MacMillan Press 1999, London, page 2; The Holy Roman Empire of the German Nation at the Embassy of the Federal Republic of Germany in London website Оваа форма првпат се користела во документ во 1474 година.
Светото Римско Царство било наречено по Римското Царство и се сметало за негово продолжение. Ова се темели на средновековниот концепт за translatio imperii.Whaley 2011, pp. 17-20
Францускиот просветител Волтер сардонски забележал: “Оваа агломерација која била наречена и сè уште се нарекува себеси Свето Римско Царство, не е ниту свето, ниту римско, ниту царство.”Original text: Ce corps qui s'appelait et qui s'appelle encore le saint empire romain n'était en aucune manière ni saint, ni romain, ni empire. In Essai sur l'histoire générale et sur les mœurs et l'esprit des nations, Chapter 70 (1756)
Историја Каролиншки почеток Светото Римско Царство гледало на Карло Велики, кралот на Франките, како свој основач, кој бил прогласен за цар на Римјаните на Божик во 800 година од папата Лав III. Со тоа оживеало Западното Римско Царство (латински: renovatio Romanorum imperii), со префрлање на титулата на кралот на Франките. Ова translatio imperii останало како основа за Светото Римско Царство, барем во теорија, сè до неговиот крај во 1806 година.
Царската власт на Каролинзите била оспорувана на почетокот помеѓу владетелите на Западна Франкија (Франција) и Источна Франкија (Германија), а нивните кралеви Карло Ќелавиот (западниот крал) и Карло Дебелиот (источниот крал) ја зеле титулата прв и втор. Сепак по смртта на Карло Дебелиот во 888 година, Каролиншкото Царство се отцепило и никогаш не било вратено. Според Регино од Прим, секој од деловите избирал свој крал од своите благородници. По смртта на Карло Дебелиот, само оние што контролирале територии во Италија биле проласувани до папата. Таквиот последен цар бил Беренгар I од Италија кој умрел во 924 година.
Развиен среден век right|thumb|Светото Римско Царство од 962 до 1806 година.
Формирање
Околу 900 година, во Источна Франкија произлегле многу автономни кнежевства (Франконија, Баварија, Швабија, Саксонија и Лотарингија). Откако каролиншкиот крал Лудвиг Детето умрел без наследник во 911 година, Источна Франкија не се обратила до каролиншкиот владетел на Западна Франкија да преземе контрола, туку избрала еден од своите кнезови, Конрад од Франконија, за Rex Francorum Orientalum. На смртната постела, Конрад му ја предал власта и круната на својот главен соперник Хајнрих од Саксонија, кој бил избран за крал на собранието во Фрицлар во 919 година. Хајнрих постигнал крај на војната со Унгарците и во 933 година за првпат ги победил во Битката кај Риаде.
Хајнрих умрел во 936 година, но неговите наследници, Отонската династија, продолжила да владее со источното кралство речиси цел век. Назначениот наследник на Хајнрих, Отон бил избран за крал во Ахен во 936 година. Тој успеал да придуши неколку буни предводени од постариот брат и други предводени од војводи. По тоа, кралот успеал да го контролира назначувањето на војводи и често користел и епископи во администрацијата.
Кралството немало постојан главен град и кралевите патувале од резиденција до резиденција (наречена Kaiserpfalz) за да раководат со работите. Сепак, секој крал користел различни места, а Отон го избрал Магдебург. Кралската титула продолжила да се доделува преку избирање, но кралевите обично успевале да влијаат при изборот, па нивните синови биле избирани уште за време на нивното владеење, со што круната останувала во семејството. Ова се променило по крајот на династијата Салиевци во 12 век.
Во 955 година, Отон извојувал убедлива победа над Унгарците во Битката кај Лехското поле. Во 951 година, Отон и помогнал на Аделаида, кралицата-вдовица на Италија и ги поразил нејзините непријатели. Тој потоа се оженил со неа и ја презел Италија. Во 962 година, Отон бил прогласен за цар од папата. Оттогаш, работите на Германското Кралство биле поврзани со италијанското и со Папството. Крунисувањето на Отон за цар ги направило германските кралеви наследници на Царството на Карло Велики, со што преку translatio imperii ги направило нив наследници на Стариот Рим.
Ова исто така го обновило конфликтот со источниот цар од Цариград, особено откако синот на Отон, Отон II (967-83) ја присвоил назнаката imperator Romanorum. Сепак, Отон бил поврзан со истокот преку брак, кога се оженил со византиската принцеза Теофано. Нивниот син Отон III, го насочил своето внимание на Италија и Рим и користел многу дипломатија, но умрел млад во 1002 година, а бил наследен од неговиот роднина Хајнрих II, кој се фокусирал кон Германија.
Кога Хајнрих II умрел во 1024 година, Конрад II, прв од Салиевците, бил избран за крал во 1024 година, по кратка дебата меѓу војводите и благородниците, кои постепено ќе се развијат и претворат во изборни кнезови.
Борба за инвеститурата Кралевите често назначувале епископи во администрацијата и често одредувале кој ќе биде назначен со верска титула. За време на Клинијачките реформи, ова мешање сè повеќе се сметало за несоодветно од Папството. Папата-реформатор Григориј VII решил да се спротивстави на таквата практита, со дошло до оваа Борба за инвеститурата со кралот Хајнрих IV (владеел 1056-1106), кој го отфрлил мешањето на папата и ги убедил своите епископи да го екскомуницираат папата, кого го нарекол по неговото родено име “Хилдебранд”, а не по неговото избрано име “Григориј VII”. Папата пак, го екскомуницирал кралот, го прогласил дека е симнат од власта и ги поништил заклетвите на верност кои ги дал на Хајнрих. Кралот ја изгубил сета политичка поддршка и бил принуден на оди до Каноса во 1077 година, со што ја му била отстранета екскомуникацијата по цена на понижувањето. Во меѓувреме, германските принцеви избрале друг крал, Рудолф од Швабија. Хајнрих успеал до го победи но набрзо се соочил со нови востанија, обновена екскомуникација и бунтови од неговите синови. Неговиот втор син, Хајнрих V, успеал да постигне договор со папата и епископите во 1122 година на Вормскиот конкордат. Политичката моќ на Царството се одржала но конфликтот ги покажал границите на моќта на еден владетел, особено во споредба со Црквата и му го одзела на кралот сакралниот статус кој претходно го имал. И папата и германските принцеви се покажале како главни играчи во политичкиот систем на Царството.
Династијата Хоенштауфен thumb|left|Адемар де Монтеил го носи Светото Копје. Кога династијата на Салиевците завршила со смртта на Хајнрих V во 1125 година, принцевите одлучиле да не избираат некој од таа линија и наместо тоа го избрале Лотар, умерено силниот, но стар саксонски војвода. Кога тој умрел во 1138 година, принцевите повторно ја одредувале границата на кралската моќ; тие не го избрале миленикот на Лотар, неговиот зет Хајнрих Гордиот од династијата Велфи, туку Конрад III од династијата Хоенштауфен, блиски роднини на Салиевците, што довело до судири меѓу династиите кои траеле повеќе од еден век. Конрад им ги зел териториите на Велфите, но по неговата смрт во 1152 година, него го наследил неговиот внук Фридрих I Барбароса и склучил мир со Велфите и му вратил смален дел од неговите поседи на неговиот роднина Хајнрих Лавот.
Владетелите од династијата Хоенштауфен сè повеќе им ја делеле земјата на министеријалите (ministerialia), поранешни службеници, за кои Фридрих се надевал дека ќе бидат полесни за работа. Иако на почетокот тие биле користени за воена служба, оваа нова класа на луѓе подоцна ќе биде основата за подоцнежните витези, уште еден темел на царската моќ. Друга важна одлука била донесена кај Ронкалја (Пјаченца), а тоа било воспоставувањето на нов мир (Landfrieden) за сите во Царството, обид да се смират приватните караничи меѓу војводите, но исто така било обид тие да можат да одговараат пред правниот систем на надлежност и јавно обвинителство за кривични дела-претходник на модерниот концепт “владеење на правото”. Друг нов концепт за тоа време бил систематското основање на нови градови, и од царот и од војводите. Делумна причина за тоа е експлозијата на населението, но и за да се концентрира економската моќ на стратешки локации, за разлика од постоечките градови кои биле поранешни римски утврдувања и постари епископии. Градови кои биле основани во 12 век се Фрајбург, економскиот модел за многу понатамошни градови, и Минхен.
Фридрих бил прогласен за цар во 1155 година и го нагласил “римското” во Царството, како обид да ја оправда царската моќ независно од онаа на се посилниот папа. Царското собрание на полињата на Ронкалја во 1158 година повторно ги присвоило царските права со референца од Јустинијановиот Законик. Царските права се сметале како regalia по Борбата за инвеститурата, но биле наведени за првпат кај Ронкалја. Овој список вклучувал јавни патишта, тарифи, ковање пари, собирање на казни и инвеститура, давањето и одземањето на титули. Овие права биле досега експлицитно вкоренети во Римското право, далекусежен уставен акт.