Не е исто со Влатко Илиевски.

Владо „Влатко“ Илиевски, роден како Владо Гаштарски (роден на во Струмица) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој бил претседател на КК Илирија од Словенија. Владо е помал брат на поранешниот кошаркар Димче Гаштарски.

Тој е висок 188 см и тежок 84 кг. Играл на позиција разигрувач.

Клупска кариера Својата кошаркарска кариера ја почнал во 1995 година во салата Парк, каде го носел дресот на Неметали Огражден. По настапот за струмичкиот тим Илиевски заминал во САД каде што настапувал на средношколско ниво во кошаркарската екипа на Средното Училиште „Св. Тома Аквински“ („St. Thomas Aquinas“) од Конектикат.

Во мај 2000 година, Илиевски бил на списокот на пријавените неапсолвенти и странци за НБА драфтот во конкуренција од 20 кошаркари. Тој бил пријавен под југословенскиот пасош што тој го поседувал.

Во мај 2008 година, Илиевски настапувал во полуфиналето („фајнал-форот“) на Евролигата, каде неговиот клуб „Сиена Монтепаски“ бил поразен од „Макаби Тел Авив“, но го освоил третото место во мечот против „Тау Керамика“. По завршувањето на Европското првенство, немајќи потпишано договор со ниту еден клуб, одредено време Илиевски тренирал во клубот „Хелиос“ од Домжале, Словенија.„Илиевски тренира со Хелиос“, Дневник, број 5291, година XVII, среда, 16 октомври 2013, стр. 27.

По настапот за чешкиот „Нимбурк“ во сезоната 2013-2014, во ноември 2014, Илиевски потпишал за загребска „Цибона“.„Илиевски потпиша за Цибона“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 22. Во дресот на „Цибона“, Илиевски дебитирал на 9 ноември 2014 година, во натпреварот со „Крка“ во АБА-лигата при што постигнал осум бода.„Победа и осум бода за Илиевски во дебито за Цибона“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 22.

Во јули 2015, Владо потпишал за италијанскиот клуб Капо Д’Орландо.Илиевски се пресели во Италија, потпиша за Капо Д’Орландо ekipa.mk 10 јули 2015 За сезоната 2016/17, Владо потпишал со Работнички. Договорот бил со важност од една година, но во истиот постоела клаузула која му овозможувала на Илиевски да замине во странство до крајот на календарската 2016 година.Владо Илиевски официјално потпиша за Работнички ekipa.mk 7 септември 2016ОФИЦИЈАЛНО: Илиевски една година во Работнички sportmedia.mk 7 септември 2016 Во јануари 2017 година, Илиевски ја продолжил соработката со Работнички до крајот на сезоната. По завршувањето на сезоната, Владо Илиевски се повлекол од активната кошарка.

Репрезентативна кариера Во 2011 година, на Европското првенство во Литванија го постигнал најголемиот успех со македонската репрезентација, освојувајќи го четвртото место. На тоа првенство, Илиевски бил еден од најзаслужните за постигнатиот успех и се прославил со постигнувањето на решавачката „тројка“ во четвртфиналниот натпревар против Литванија, како и со изјавата „леле, што направивме“. Потоа, Илиевски најавил повлекување од репрезентативниот дрес, но повторно настапил за Македонија на Европското првенство во Словенија, одржано во септември 2013 година. За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, Владо бил вториот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 45 бода на пет натпревари (9 по натпревар).Accumulated Stats eurobasket2015.org По елиминацијата на Македонија во групната фаза, Илиевски се повлекол од репрезентацијата.Владо Илиевски во солзи се прости од репрезентацијата zazabava.com 10 септември 2015Владо Илиевски се збогува од Македонската репрезентација 365.com.mk 11 септември 2015Владо Илиевски: Се надевам дека ќе продолжам да бидам дел од македонската кошарка derbi.mk 13 септември 2015

Останата кариера Во јануари 2018 година, Илиевски се кандидирал за претседател на Македонската кошаркарска федерација.

Во август 2019 година, Илиевски го потврдил учеството во управувањето на КК Струмица. Но во септември истата година, Илиевски ја прифатил понудата да застане на функцијата претседател на кошаркарскиот клуб Илирија од Словенија.

Наводи

Надворешни врски

Профил на Владо Илиевски на eurobasket.com Профил на Владо Илиевски на euroleague.net Профил на Владо Илиевски на acb.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари со потекло од Струмица Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Македонски кошаркарски репрезентативци