thumb|right|Ренесансен крстест свод во црквата Санта Марија деи Кармини во Венеција
Крстестиот свод (понекогаш познат и како крстовиден свод или вкрстен свод) настанува со вкрстување под прав агол на два цилиндрични свода.Honour, H. and J. Fleming, (2009) A World History of Art. 7th edn. London: Laurence King Publishing, p. 949. Зборот „крстест“ се однесува на рабовите меѓу вкрстените сводови. Понекогаш лаковите на крстестите сводови се зашилени наместо заоблени. Во споредба со цилиндричниот свод, крстестиот свод обезбедува добра заштеда на материјал и работа. Потисокот е концентриран по рабовите или дијагоналните рабови (четирите дијагонални рабови образувани по точките каде што се вкрстуваат цилиндричните сводови), така што сводот треба да се потпре само на неговите четири агли.
Изградбата на крстести сводови за првпат била користена од Римјаните, но потоа паднала во релативна заборавеност во Европа сѐ до заживувањето на квалитетната камена градба предизвикана од каролиншката и романската архитектура. Тој бил потиснат од поприспособливите ребрести сводови на готската архитектура во подоцнежниот среден век. Бидејќи бил тежок за прецизно изведување поради геометријата на вкрстените пресеци (обично елиптични во пресек), крстестиот свод барал голема вештина во делкањето на камен за да се образува чист раб. Оваа тешкотија, покрај потребната дрвена конструкција (оплата) за создавање на такви конструкции, довела до тоа ребрестиот свод да го замени крстестиот свод како главно решение за затворање на просторот во готската архитектура.
Овој начин на градба бил особено застапен на нивото на подрумските простории, како на пример во замокот Мајрес во Шкотска, или на приземното ниво за магацини, како во замокот Мучалс во Шкотска.C.Michael Hogan, History of Muchalls Castle, Lumina Press, Aberdeen (2005)
Споредба со други дизајни на сводови
Конструкцијата на крстестиот свод најпросто може да се разбере преку замислување на два дела од цилиндричен свод што се вкрстуваат под прав агол за да образуваат квадратна единица. Крајните четири ребра го пренесуваат оптоварувањето кон четирите агли или столбови.Architectural comparison of various types of arch design Посложениот крстест свод суштински претставува поцврста конструкција во споредба со цилиндричниот свод, бидејќи цилиндричната конструкција мора да се потпира на долги ѕидови создавајќи нестабилен страничен притисок, додека дизајнот на крстестиот свод може да го насочи притисокот речиси чисто вертикално кон столбовите.Robert A. Scott, The Gothic Enterprise: A Guide to Understanding the Medieval Cathedral University of california Press (2003) Честа појава кај сводовите во катедралите од средниот век е комбинацијата од брод со цилиндричен свод и трансепти изведени со крстести сводови.Discussion of the Romanesque Conques, St. Faith Cathedral Ребрестите сводови потсетуваат на крстестите сводови, но воведуваат структурни ребра што се протегаат по аглите и го носат поголемиот дел од тежината, овозможувајќи многу поголеми варијации во пропорциите.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лакови и сводови