десно|мини|200п|„PREMIER“ („прв“) на француски
Брајова азбука или Брајово писмо — специјално писмо наменето на лицата со слаб вид или потполно слепите. Создадено е во 1821 година. Произлегло од т.н. ноќно писмо на тајните служби кои го користеле во ноќните воени дејства.
Францускиот учител за слепи, Луј Брај (1809-1852) ја усовршил оваа техника и настојувал таа да се користи во праксата. Основната клетка на Брајовата азбука се состои од шест точки (т.н. шесточка), а на секоја буква одговара комбинација од тие 6 релјефни точки. Буквите се втиснуваат со метално шило во хартијата, а читачот ги распознава со допирање од спротивната страна.
Македонска Брајова азбука
Македонската Брајова азбука се заснова на Обединетиот меѓународен Брајов систем, во состав на поранешната југословенска Брајова азбука.
Наводи
Поврзано Знаковен јазик Јазик Дефектологија Брајови азбуки
Наводи
Препорачана литература
Надворешни врски Што претставува Брајовото писмо? — Национален сојуз на слепите на Македонија
Категорија:Писма * Категорија:Француски пронајдоци Категорија:Помошна технологија